Иако преку цела зима се трудиме да го одржуваме имунитетот силен, понекогаш добиваме настинка и не можеме да се ослободиме од неа со денови. Е па, денеска ќе ставиме крај на тоа! Откривме неколку супер трикови како да се ослободиме од неа преку ноќ….

Јадете лук

Лукот е моќен антиоксидант со антимикроби и антибиотички својства. Помага кај запушените дишни патишта кои секогаш се пропратени со настинка и грип. Изедете едено парче лук на секои 3-4 часа и ќе се чувствувате подобро до утрото.

Обидете се со суплементи

500 до 1000 мг витамин C дневно, е доволно да се справите со настинката. Едноставен начин да бидете сигурни дека доволно го консумирате овој витамин е всушност со суплементи.

Јадете пилешка супа

Да, ова и мајките постојано го кажуваат. За ова постоои дури и научно објаснување. Протеините и минералите од пилешкото бело месо, го зголемуваат имунолошкиот состав, а антиоксидантите кои се отпуштаат за време на варењето на пилешкото месо, хемијски се слични како лекот за бронхитис.

pileca-juha

Носете мокри чорапи (навистина)

Оваа необична метода делува на природната физиологија на телото и лечи се, од настинки, главоболки па се до проблеми со несоницата. Кога ќе ги облечете мокрите чорапи на нозете, студената температура предизвикува зголемен проток на крв за да се загрее телото. Овој вид на циркулација е малку поинтензивен – ги донесува нутриентите а ги отфрла токсините. Прво, добро загрејте ги стопалата во жешка вода а потоа облечете ги студените мокри чорапи и преку нив еден пар суви( или пластични вреќички) па можете да легнете во кревет  – наутро ќе се разбудите поздрави и расположени!

caj

Одржувајте влажна средина

Сем водата која е неопходна за хидрирање на телото, така и грлото и дишните патишта ќе бидат доволно влажни. Топлите напитоци се многу важни затоа што со дишење на пареата ги стимулирате цилиите( малите структури слични на влакната кои го стопираат влегувањето на бактериите во носот).

Обидете се со јаболков оцет

Јаболковиот оцет е одличен за смирување на запаленото грло. Бакатериите ги мразат киселините, според тоа, овој волшебен напиток може да ги задржи на далечина. Сем тоа, одличен е и против надуеност и акни, и го зголемува нивото на енергија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот тренд – рачно насликани хулахопки со тетоважи!
Следна објаваSkopje Design Week | Младите балкански дизајнери повторно во Скопје
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР