Бициклизмот е еден од најважните и најдобри начини како да патувате и притоа да не ја загадувате околината, а благодарејќи на оваа соларна патека за точаци која свети ноќе, станува уште подобар. Светлечката сина патека за точаци , односно лента, се наоѓа во близина на Lidzbark Warmińs на север од Полска, изградена од полскиот технолошки институт “TPA Instytut Badan Technicznych Sp. z o.o.”. Патеката е изградена од синтетички материјал кој може да свети до десет часови, од кога ќе се наполни преку ден од сонцето!

Иако концептот е инспириран од проектот на холандското студио Roosegaarde “Starry Night”, односно од слична патека за точаци во Холандија, технологијата е сосема поинаква, затоа што во холандската верзија се користат LED диоди, додека оваа патека потполно е зависна од соларната енергија.

А ние сонцето во Македонија го имаме во изобилство, зар не?!

glowing-blue-bike-lane-tpa-instytut-badan-technicznych-poland-6

glowing-blue-bike-lane-tpa-instytut-badan-technicznych-poland-2 glowing-blue-bike-lane-tpa-instytut-badan-technicznych-poland-3

 

 

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерно декорирање на ѕидот со апстрактна геометриска уметност
Следна објаваПлетени шалови за големи и мали!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ