После серијата земјотреси во северниот дел на Македонија, логично е дека секој самосвесен жител е загрижен за својата и благосостојбата на своите најблиски. Што ако се повтори 1963, што ќе се случи со нашите животи, најшите најмили, нашите имања? Но дали навистина имаме причина за тревога?

Од катасторфалниот земјотрес во 1963, Скопје ја модернизирало архитектурата. Со подигање на стандардот кога се во прашање градбите како куќи и згради, можеме да спиеме мирно знаејќи дека ништо лошо не може да ни се случи. На наша страна е и науката. Пред катастрофата, сите градби се граделе прилично примитивно. Малку тули, малку вар, цигли и по некоја дрвена греда. Влатко Стефаноски вели: „Сегашните згради, куќи и објекти кои се состојат од бетонски армирани темели, носечки вертикални бетонски армирани столбови кои се поврзани со хоризонтални бетонски армирани столбови (цирклажи), кров чии греди се прицврстени за самите столбови се и теоретски и практично неуништливи за земјотрес од калибар на тој од 1963 година.“
Најлошото што би можело да се случи од некој земјотрес е да падне оџак, напукне ѕид, а можно е и само да падне некоја вазна. За да се случи било каква посериозна штета земјотресот би требало да биде дестина пати посилен од земјотресот од 1963.
Доколку некој земјотрес е со 11 пати поголем интензитет од тој што неодамна го преживеавме тогаш нема да “цветаат цвеќиња“, туку ќе падне некој предмет, ќе се ниша се но важно е да знаеме дека треба да сме смирени и сигурни во тоа дека нема да се случи ништо лошо, но во секој случај да се позиционираме во најбезбедната точка: под рамката на вратата. Да не ги плашиме нашите најмили, нема потреба од бурни реакции. Можеме само да се погрижиме сите предмети да бидат добро зацврстени за да не не повредат при евентуално паѓање и да најдеме најбезбедно катче во домот каде што нема многу висечки или високи нешта.
„Сите оние ѓраѓани што имаат изградено или доградено делови на своите куќи без притоа да имаат поставено темели (стопи) со носечки армирани столбови и цирклажи се во сериозен ризик од можно рушење на градбата од овој тип, па затоа мој совет е во најскоро можно време да побараат стручен совет од архитект кој ќе им даде стручен предлог како може конструктивно да го подобрат својот објект со цел да можат мирно да спијат.“

Без тревоги, уживајте во раните есенските денови и бидете добро информирани.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР