ИФФК „Браќа Манаки“ со задоволство ви соопштува дека режисер на  свеченото отварање на 37. издание е  Мартин Кочовски, еден од најуспешните македонски театарски режисери од помладата генерација. Тој заедно со својата екипа, деновиве, интензивно работи во Центарот за култура во Битола

– Инспирацијата за режисерското обликување на отварањето на фестивалот,  или почетната идеја од која што тргнав е слоганот на фестивалот „movie on“, што значи да се продолжи да се снима, но и да се продолжи да се живее. Се работи за пет животни циклуси кои се развиваат на различен начин низ историјата на цивилизацијата и историјата на филмот, вели Кочовски.

poster manaki za printИнаку, 11 те фестивалски категории на годинешново 37. издание се  целосно заокружени. На фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 105 филмови, од автори од 50 земји во светот. Освен официјалната компетиција за наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 со исклучителни 14 остварувања, во избор на Благоја Куновски Доре, публиката од годинава ќе има можност да ја проследи програмата Перспективи на европсикот филм со вкупно 30 филмови од најновата европска продукција. Во соработка со филмскиот фестивал Клермон – Феран публиката ќе ја види селекцијата Мала камера 300, годинава, тоа се седум кратки играни филмови. Документарната програма донесува 10 наслови, за кои Гена Теодосиевска, уметнички директор и селектор, вели  дека заедничко обележје им е режисерскиот концепт на ангажираност.

Нова категорија е програмата „Перспективи на европскиот филм“ која носи дури 30 дела од најновата европска продукција.

Во Мак Поинт програмата која се’ повеќе привлекува публика, како домашна, така и странска ќе бидат прикажани четири нови макеоднки документарци, 11 кратки играни филмови и еден догометражен игран филм.

Земја во фокусот, годинава е Турција, што ќе ни овозможи одличен поглед во помладата генерација на турски кинематографери, кои заедно со режисерите го создаваат вториот нов бран на турската кинематографија.

Под заеднички наслов најдоброто од „Златната кајсија“, филмскиот фестивал во Ереван, Ерменија, публиката во Битола ќе види четири филмови.

Следат и 15-те кратки филмови на Европската филмска академија, кои годинава ја сочинуваат ЕФА програмата.

Детската програма годинава е збогатена и со изненадувања за најмладата публика. Студентската програма, пак, собра учесници од филмските академии од 9 филмски академии од регионот како и од 3 македонски од Скопје, Штип и Тетово.

Во придружните програми ќе имаме можност да ја видиме ретроспективата на македоскиот анимиран филм, која ја подготви Кинотека на Македонија, исклучително интересна е и програмата „Првите филмови први“,  што е Академија за млади режисери на Гете Институтот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересни декорации кои ги оживуваат старите градови!
Следна објаваДознајте ја есенската палета на ружеви за усни!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР