Доколку го посетите New York, на 432 Park Avenue, ќе го забележите 425 метри високиот облакодер кој гледа на Central Park. Структурата од 96 ката во станбениот комплекс на Manhattan, ја дизајнираше славниот уругвајски архитект Rafael Vinoly. Станбениот објект е само за оние, исклучително богатите, па така некои единици за изнајмување чинат од 49 000 долари месечно, додека пентхаусите ги купил саудиски тајкун за неверојатни 95 милиони долари.
Жителите мораат да плаќаат 10.000 долари месечно одржување. Цели три ката се за забава, слободно време, велнес центри и базен од 23 метри, кино соба за 18 луѓе и мини спа со фитнес центар.
За прв пат, можеме да sирнеме во овој скапоцен камен на некретнини.