Решете го мамурлукиот на природен и здрав начин!

Решете го мамурлукиот на природен и здрав начин!

sleeping-1353562-1280

Oффф…..Мамурлукот кој обично следи во сабота или недела наутро, еден е од најтешките проблеми со кој се соочуваме – утрата потоа, после луда и малку повеќе алкохолизирана ноќ на некоја прослава и се разбира со магично испразнетиот новчаник. Сето ова следното утро доаѓа со мачнина, главоболка и цел “скршен” организам.

Најдобар начин однапред да го избегнете будењето со мамурлукот е умерено и наизменично пиење на чаша вода со секој алкохолен пијалок. Но, понекогаш немаме време постојано да пиеме вода, постојано да одиме во WC, па затоа, дознајте ги овие неколку совети како на природен и здрав начин да се решите од мамурлукот.

Б витаминот е вашиот најдобар пријател

Земајте Б комплекс витамин преку ден и утрото по консумирање на алкохол, за да ја поправите штетата на црниот дроб и го вратите во нормала побрзо и поедноставно.

Kофеинот е вашиот најлош непријател 

Треба да се избегне кафето, кое прави додатен стрес на црниот дроб и заради тоа полошо ќе ви биде подолги време.

Испијте минерална вода со магнезиум + обична вода

Магнезиумот е важен електролит за хидрирање, како и природен лек за анксиозност што може да биде една од последиците на мамурлукот. Минералната вода со магнезиумот ќе помогне да се врати памнотежата на pH нивото,  смалувајќи ја млечната киселина во нашето тело. Пијте вода наутро после ноќно излагање и тоа правете го преку ден. Додадете малку сок од лимон и морска сол за да го алкализирате телото. Пијалоци од кокос и лубеница, исто така можат да помогнат со хидрирањето.

Исцедете го алкохолот со  потење

Јогата ќе му помогне на телото да се исчисти и да ги намали симптомите на главоболка и мачнина. Инверзиите како стој на глава, исто така можат да ја вратат рамнотежата, стимулирајќи ја циркулацијата и пумпање на свежа крв низ телото.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПолици инспирирани од супер херои! Кој е вашиот?
Следна објаваХороскоп од 27.06. – 03.07.2016 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР