21-Copy-702x336Ве известуваме дека АРТЕ Галерија на ден 23.06.2016 (четврток) со почеток во 20:00 часот ја организирa изложбата на “Филигрански мотиви” на авторката Мирјана Николоска во изложбениот простор на АРТЕ Галерија.
Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени околу 40-на филигрански дела изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена варијанта, украсени со циркони и оригинални Охридски бисери. Рачно изработените филигрански дела се со различни димензии зависно од композицијата, секое оригинално, уникатно и препознатливо за Македонското културно поднебје.
Со изработка на “Филигрански мотиви” авторката Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубавите Македонски занаети кој се користел низ вековите. Филигранските дела се доказ за љубовта и умешноста на творецот во пренесувањето на една од најубавите техники преку својата умешност создавајќи префинети, уникатни, оригинални и препознатливи дела од Mакедонското културно поднебје во кои е зачувана традицијата, културата и Македонското културно наследство.

img
Се надеваме дека со организирањето на изложбата на „Филигрански мотиви” ќе побудиме внимание кај пошироката Македонска јавност да не посети и ужива во делата бидејќи тие се одраз на нашата традиција и Македонско културно наследство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Летна фризура [4]
Следна објаваDirk Bakker | Улога на симетријата во архитектурата
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР