Начинот на кој паѓаат и се прекршуваат светлосните зраци е посебно доживување за уметниците. И оние кои ги знаат тајните на ентериер дизајнот, свесни за за важноста на убаво осмисленото собно осветлување.

Еден од оние кои знаат е Asaf Zakay, уметник и дизајнер. Неговата посебна уметност доаѓа од посебно изработени, тридимензионални лампи кои ја прекршуваат светлината на уникатен начин и ја рефлектираат во вид на уметнички дела на околните површини.

„Уживам во тоа да креирам нешта кои имаат постоење пошироко од само тоа во кое вие гледате и мислам дека низ моите стаклени ламби најдов начин да ги оживувам моите креации.“ – објаснува Zakay.

„Како дизајнер, ги поставувам моите креации на она што е познато како златен сооднос (golden ratio), сооднос кој го привлекува човечкото чувство за убавина и баланс. Цел ми е да ја доловам есенцијата на природата.“

еф њефе 980x ег сдф ењф љфњ

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР