Мarketing Kingdom Skopje, најактуелниот настан организиран од Пи Ворлд, ќе се одржи на 30 септември во Скопје, со предавачи од најголемите светски брендови какоShazam, Unilever, Sap, Coca-Cola, Rolls Royce и Lego. Конференцијата вклучува презентации за последните маркетинг проблеми и предизвици во дигиталниот свет со посебен фокус на мобилен маркетинг, маркетинг на содржини, маркетинг на друштвени медии, визуелна комуникација, потрошувачко искуство и многу други области во глобалната маркетинг индустрија.
Пи Ворлд, организаторите на Marketing Kingdom Skopje ве потсетува дека промотивната цена од 6999 мкд + ДДВ истекува на 24 јуни. По 25 јуни цената ќе се зголеми на 9999 мкд + ДДВ.

Marketing Kingdom е еден од најголемите брендови за маркетинг конференции со повеќе од 10 000 делегати за помалку од 4 години. Последно, конференцијата беше одржувана во Маракеш, Бејрут и во Истанбул, а подоцна оваа година покрај Скопје, конференцијата ќе се одржи и во Каиро.
За повеќе информации околу агендата и групните попусти, посетете ја официјалната веб страна на конференцијата.






![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










