Брзото темпо на денешниот живот има добро проверен начин целосно да ни ги исцрпи батериите. Во зависност од карактерот, сите ние имаме различни начини да си ја наполниме душата со убавини и со нови сили да го освојуваме прво денот, па светот. За оние кои што си ги полнат батериите додека неуморно го шетаат светот, ние одбравме пет необично прекрасни дестинации кои вредат да се видат.

 

  1. Плитвички Езера – Хрватска

 Овој воден рај се наоѓа во централна Хрватска и се простира на површина од 295 километри квадратни. Познато е по ланецот од 16 езера поврзани со водопади кои продолжуваат во варовнички кањон.

 

Plitvice-031-1365x768

waterfalls at Plitvicka Jezera National Park

Plitvici-1-620x466

 

  1. Кавачи Фуџи Градини, Јапонија

Овој пастелно обоен тунел од бајките е дом на 150 вистерија растенија од 20 различни сорти, на што се должи неговата разнобојност. Колоритната прошетка е најпогодно да ја направите при крајот на април или почетокот на мај. Wisteria-Tunnel-Kawachi-Fuji-Garden-2 150430_04 Wisteria-Tunnel-Kawachi-Fuji-Garden-8

  1. Донгчуан, Црвената Долина – Кина

Разнобојните варијанси на црвена и жолта го прават ова место жива палета за сите оние кои знаат да уживаат во боите.

dongchuan-red-land-yunnan dongchuan-red-land (21)

  1. Мостар – Босна и Херцеговина

Низ овој мултиетнички и мултипрекрасен град тече боженствената Неретва. Склопот на зеленилото со острата тиркизност на реката и невидениот гостопримлив шарм на Мостарци ќе ви го зареже ова мало гратче во меморијата и сигурно ќе сакате да го посетите повеќе од само еднаш.

Kravice-Falls-in-Bosnia- DSC_4217-best-blog

hqEq0

  1. Скриената плажа во Мексико

Ако сакате да се изолирате од цивилазацијата и тоа на место што плени со својата необична природа и чудно пријатна естетика, тогаш резервирајте си карта за Мексико и со бродче допатувајте до најромантичната плажа.

article-0-1A2CE9E0000005DC-259_964x665 hidden-beach-puetro-vallarta-mexico-woe2-690x359 hidden-beach-marieta-islands-8 Vallarta-Hidden-Beach

 

НЕМА КОМЕНТАРИ