Кога лошите соништа стануваат реалност.

Somnia_SBgr4За најголемите љубители на хорор-филмовите, во кино салите започна со прикажување американскиот хорор-трилер Пред да се разбудам, најновиот филм на режисерот Мајкл Фленаган, кој е и автор на сценариото заедно со Џеф Хаурд.

Before_I_Wake_IMG4_bigФилмот е приказна за брачниот пар Џеси (Кејт Босворт) и Марк (Томас Џејн) кој се обидува да продолжи со животот, по смртта на нивното дете. Бидејќи не можат да имаат деца, решаваат да го посвојат осумгодишното момче Коди, за кого не знаат дека негов најголем страв е да заспие.

Before_I_Wake_IMG2_bigНа почетокот, претпоставуваат дека минатото му го создало стравот од спиење, но наскоро ја откриваат вистинската причина: неговите соништа стануваат реалност, но не на начинот на кој очекуваат. Неговите соништа се отелотворуваат во стварноста додека тој спие.

Before_I_Wake_IMG1_bigСоништата на Коди, како сите детски соништа се или неверојатно фантастични или пак ужасни кошмари, а Џеси и Марк се соочуваат со нив. Во еден миг тие ќе ја почувствуваат неверојатната моќ на фантазијата на Коди, а веќе во следниот миг и застрашувачката природа на неговите ноќни стравови.

Before_I_Wake_IMG5_bigВо филмот главните улоги ги толкуваат Кејт Босворт, Томас Џејн, Џејкоб Тремлеј, Анабет Гиш и Деш Михок. Мајк Фленаган го напишал сценариото заедно со Џеф Хаурд и ова им е втора соработка по психолошкиот хорор филм “Огледало на смртта”.

BeforeIWake_SBgr1

Премиерното прикажување на „Пред да се разбудам” пред македонската публика бешe на 12.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерна уметност и индустриски стил за прекрасен дом!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (16.05 – 22.05)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ