oreov lad

На местото каде што денес се наоѓа ресторанot “Ореов лад”, 1870-та година, бил познат како “Сарајски ан”.  Тоа било место за одмор на караваните, кои патувале од Западна Македонија кон Скопје. Од тогаш до денес, семејната традиција продолжува, од Нестор кој го отворил анот, преку синот Серафим и неговиот внук Нестор, за денес, со него да раководи правнуката Сузана Стојковска, која го воздигна ресторанот на исклучително високо ниво. Таа направи големи креативни и иновативни измени во пристапот на приготвување храна, како и приготвување храна во живо, ангажирајќи го кулинарскиот мајстор Влатко Огненовски, припремајќи италијанска кујна со домашно припремени тестенини, бифтек, десерти и друго … како и интерактивен однос со гостите. Сузана отвори и едукативен центар за обука на готвачи и келнери.

12187744_858592234248940_4448587605532969633_n

Романтичната атмосфера покрај каминот во зима и летната бавча во лето, како и атрактивните настани во вечерните часови со музика во живо, создаваат незаборавни моменти каде што се случуваат разни прослави со и без повод, венчавки, работни состаноци и дипломатски коктели.

12184227_863136600461170_7413206714034392621_o

restoran_oreovlad_skopje_400_12

slika-4

Ресторанот Ореов лад е член на организацијата “Slow food” за здрава храна и зачувување на македонската кујна.

oreov-lad

oreovlad1

598864_380493988725436_1257537218_n

Ресторанот е познат по прекрасниот зелен, природен амбиент, со опоен мирис на цвеќињата и сенките од ореовите лисја. Никој не може да одолее на старите специјалитети на македонски кујна, домашната пита подготвена под вршник, пастрмката од сопствениот базен, грнето Ореов лад, печеното јагнешко како и месото на скара. Воедно, ресторанот испорачува кетеринг храна по ваше барање.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

images (12)

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Црвената Одајка“, на Ана Марковска во „Децата од нашата улица“
Следна објаваМеган и Седумте Светски чуда
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР