Една од најгледаните драмски серии во историјата на телевизиската индустрија од 1 април ќе може да се гледа на Pickbox. Ни доаѓаат Сојер, Шепард, Саид, Харли, Сан Квон, Кејт, Џон Лок и остатокот на екипата која по падот на авионот се најде на таинствениот пацифички остров. Серијата Изгубени (Lost)е една од најскапите во историјата на телевизиската куќа ABC Studios, со вообичаен буџет од 4 милиони долари по епизода, а позната е и по огромната маса верни обожаватели кои и ден денес расправаат за мистериите кои се врзуваат за серијата.

111685_OCEAN GROUP_05D

Приказната за седумдесетте преживеани од вкупно 324 патници по падот на авионот на летот 815 сместена е на три локации на таинствениот остров во јужниот Пацифик. Иако почетната идеја беше да се сними серија која би комбинирала елементи од филмот Бродолом на животот и reality show Опстанок, главен адут на серијата се необичните настани кои пацифичкиот остров го претвораат во голема мистерија.

На навидум рајскиот остров се движи Чудовиште, преживеаните ги мачат Другите, а “засолништето“ на кое се затекнале изобилува со фантастични и необјасниви појави.

Во прв план се наоѓаат хирургот Џек Шепард, измамникот Сојер, ѕидарот и уметник Мајкл Досон со синот Волт, бегалката од законот Кејт Остин, добитникот на лото Харли, мистериозниот Џон Лок, ирачкиот војник Саид, трудницата од Австралија Клер. За нас е посебно да ја следиме судбината на Даниел Русо која ја глуми Мира Фурлан, често нарекувана Мерил Стрип на бившата држава. Даниел Русо е членка на истражувачкиот тим и единствена која преживеала бродолом (трудна!) пред 16 години, па истовремено се појавува во сите 6 сезони на серијата.100890_0126 -- LOST - (ABC/REISIG & TAYLOR)Напнатите шест сезони ги водеа обожавателите до целосно лудило, делумно поради големиот број неодговорени прашања, делумно поради самите мистерии и темите со кои се занимаваше серијата (тајните на општеството, воскреснувањата, патувањето низ времето, поларните мечки).

Наспроти поделените мислења околу целата серија, но и самото финале (Дали биле мртви? Што се случило по експлозијата на нуклеарната бомба? Кој го застрелал Сојер?!), сите обожаватели се сложуваат околу една работа – Изгубени  би можеле да ги гледаат во недоглед!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Choupette”, миленикот на Karl Lagerfeld
Следна објаваПовеќе од фотографии
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР