Утре (вторник, 5 април) започнува продажбата на билетите за годинашното, петнаесетто по ред издание на OFF-Fest. Фестивалот, кој во организација на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 27 до 30 мај, ќе ги однесе слушателите на музичко патување низ пространствата на Африка, Северна и Јужна Америка и Европа.

6e7cbac7-77f4-4ed0-b2c9-7b617d7a9d90Цената на билетот за концертот на виртуозната чешка виолинистка и пејачка Ива Битова (Iva Bittova) што ќе го отвори фестивалот на 27 мај се продава по цена од 300 денари. Истата вечер, магијата на OFF-Fest ќе продолжи во Метрополис арена со концертот на пионерот на „French touch” St Germain, за кој посетителите ќе платат 700 денари (цена која ќе важи до 3 мај, после што билетот ќе се продава по регуларна цена од 900 денари), и 1200 денари за место во ВИП ложата. Билетот за концертите на американскиот поет и рапер Сол Вилијамс (Saul Williams) и на енергичните португалци Batida (28 мај) чини 600 денари. За концертот на „златниот глас на Африка” – легендарниот Пет Томас (Pat Thomas) и неговиот Kwashibu Area Band, што ќе се одржи на 29 мај, посетителите ќе платат 400 денари. Влезницата за фестивалската завршница на 30 мај во МКЦ со бразилската гитаристка и пејачка Бади Асад (Badi Assad) и италијанскиот традиционален состав Canzoniere Grecanico Salentino чини 500 денари.

Комплетот билети за сите четири концертни вечери на OFF-Fest се продава по цена од 2200 денари.

Во рамките на јубилејниот OFF-Fest ќе биде прикажан и музичкиот документарен филм „Who is Highlife?”, чија проекција на 29 мај во Кино Фросина ќе биде бесплатна за посетителите.

Продажбата на влезниците за OFF-Fest се одвива во Југотон рекордс, Младинскиот културен центар и онлајн на mktickets.mk.

Подгответе се за уште возбудливо фестивалско издание со најдоброто од музиката на светот!

* Дивиан Артс е горд медумски спонзор на  OFF-FEST 2016

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (04.04 – 10.04)
Следна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР