Талентираниот бармен од Хотелот Лангам во Хонг Конг, Ражендра Лимбу, замислил коктели кои изгледаат како уметнички слики на познатите мајстори на сликарството: Ван Гог со неговата „Ѕвездена ноќ”, Дали со „Упорноста на меморијата” и Мондриан со „Композиција во црвено, жолто, сино и црно”. Овие коктели беа за прв пат претставени на 21 март, на фестивалот Арт Базел во Хонг Конг. На овој начин, Лимбу им оддал почит на пионерите на импресионизмот, надреализмот и апстракцијата. Уште еден пример за тоа дека сликарството дава совршена инспирација на многу сфери од живеењето, па и на уметноста на правење коктели.
 
 
 
 
 
    
		

![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










