За време на посетата на Ија, на бајковитиот грчки остров Санторини, авторот на фотографијата Соруш Етемад бил воодушевен од убавината на зајдисонцето. „Под совршената палета од портокалова и црвена боја, голема група на луѓе уживаа во неповторливиот момент гледајќи како сонцето заоѓа над Егејското море” – вели Етемад за неговото незаборавно искуство што го овековечил преку фотографија.