Крадец му се приклучува на митски Бог во мисија преку Египет.

GodsofEgypt_SBgr1Опстанокот на човечкиот род е во опасност кога Сет, безмилосниот бог на темнината, ќе го узурпира Египет и развиената и напредна империја ќе ја претвори во хаос и немир. Надевајќи се дека ќе ја спаси својата вистинска љубов, смртникот Бек, вешт крадец, прави договор со моќниот бог Хор.

GodsofEgypt_SBgr2На големото платно пристигнa спектакуларната акциона авантура „Боговите на Египет“, со Џерард Батлер во главната улога. Филмската екранизација на митските борби на боговите во кои верувал стар Египет, ја режираше Алекс Пројас, познат по филмовите „Јас, робот“ и „Гавранот“. Во филмот на Пројас за смртниците и боговите од антички Египет, глумат и ѕвездите: Брентон ТвејтсНиколај Костер-Валдау,  Кортни Итон, Аби Ли и Џефри Раш.

GodsofEgypt_SBgr3Филмот изобилува со визуелни ефекти, многу битки, конфликт на митски богови и елементи од египетската митологија. Опстанокот на човештвото зависи од смртниот херој Бек (Брентон Твејтс) кој заминува на возбудливо патување да го спаси светот и неговата вистинска љубов.

GodsofEgypt_SBgr4Во центарот на дејството е митот за Озирис, односно за боговите Сет и Хор. Сет (Џерард Батлер) е оној што го измамува и убива брата си Озирис и е непријател на Хор (Николај Костер-Валдау). Во митологијата тој му го извадил левото око на Хор, додека Хор му отсекол нога.

GodsofEgypt_SBgr5Сет, безмилосниот бог на темнината, го превземал тронот во Египет и некогашната мирна и просперитетна империја ја уништил со хаос и конфликти. Неколкумина се осудуваат да му се спротивстават. Младиот крадец Бек, чија љубов била заробена од страна на богот Сет, се стреми да го порази со помош од моќниот бог Хор.

GodsofEgypt_SBgr6Откако ќе му го врати видот на ослепениот Хор, тие ќе му се спротивстават на владеењето што го уништува Египет. Големата битка против Сет и неговите приврзаници ќе ги однесе дури во подземниот свет. Епската борба за спас на човештвото нè води низ многу необични места и верувања на мистичниот Египет.

GodsofEgypt_SBgr7

Премиерното прикажување на „Боговите на Египет пред македонската публика бешe на 25.02.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп од 29.02. – 06.03.2016 година!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (29.02 – 06.03)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ