Длабоко во пазувите на Малешевските Планини, во срцето на Малешево, чука духот на традицијата, чука духот на предците… Тука, во Ратево, живее митот за фолклорот, за битот на едно минато време. Тука се раскажува легендата и како солза во око се чува и негува обредното оро на ратевскиот Бамбурец. И кога екот од ѕвонците ќе стивне, а страшните маски со животински елементи ќе се симнат, Ратево веќе ја испишало новата приказна во културолошкиот календар на настани кои ги спојуваат традицијата, фолклорот и совремeното живеење на човекот. Почувствувајте го идиличното, идеалното и креативно спојување на паганскиот обред со современиот танц на маските, прераскажан на следните фотографии.
Фотограф: Југослав Белада