Лиу Вен ја превзема улогата на Кендал Џенер и го претставува вториот тренд на сезоната

По лансирањето на трендот Tribal Spirit за февруари со кампања којашто ја имаше Кендал во главната улога, следува нов сезонски тренд Soft Minimal, кој е инспириран од минималистичкиот стил на 90-тите.

За оваа кампања MANGO ја користи Лиу Вен, најпознатиот азиски интернационален модел. Таа за соработката со брендот вели:Соработката со MANGO беше одлична. Навистина ми се допаѓа минималистичкиот тренд бидејќи сакам кога работите се едноставни, а во исто време убави. Сите парчиња кои ги носам во кампањата имаат едноставни линии и се направени од материјали кои се идеални за секој дел од денот. Мислам дека на сите ќе им се допадне оваа колекција особено кога ќе можат и да ја видат во продавниците.

MANGO

Колекцијата која го претставува овој тренд ќе биде достапна во март и содржи женствени плетени парчиња во комбинација со фустани, блузи од тантела и широки кроеви. Еднобојнитe фустани и лелеавите свилени парчиња, инспирирани од супермоделите на 90-тите се реинтерпретирани за модерен изглед.

MANGO и оваа сеозна продолжува со својата промената стратегија на промовирање на најновите линии од колекцијата и лансирање на кампања секој месец, заедно со моменталниот тренд и лицето кое најдобро го претставува. Оваа нова стратегија цели кон презентирање на актуелни производи на начин кој е во согласност со брзината и променливоста на модниот свет

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКарневалот во село Ратево
Следна објаваНеделен хороскоп од 22.02. – 28.02.2016 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ