23

Кога станува збор за скандинавските домови, дневните соби секогаш привлекуваат најмногу внимание, но овојпат одлучивме да ви покажеме дека и спалните соби не се за потценување. Препознатливи по чистината, минимализмот, белината и деталите во боја, ентериерите во скандинавски стил можат да понудат инспирација буквално за секое катче од домот. Ви претставуваме 29 прекрасни спални соби кои изобилуваат со убави дизајнерски идеи, а иако секоја од собите е посебна и единствена, сепак, ќе забележите дека некои карактеристични елементи им се заеднички. Сите соби имаат големи прозорци, а на секоја страна од креветот се поставени традиционални ноќни орманчиња, винтиџ комоди или масички. Ѕидовите се најчесто бели, а посебно занимливи се решенијата за осветлување на просторот. Пронајдете ја омилената тема за вашата зона за одмор и релаксација.

1 2a 2b 3 4 5 6 7a 7b 8 9 10 11 1213 14 15 16 17 18 19 20 21 22 2324 25 26 27 28 29

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАниме дизни хероини
Следна објаваБалетската претстава „Жизел“ во МОБ
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ