Во петок (19.февруари), со почеток од 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“.

1

Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во „Жизел“ ќе настапат: примабалерината Александра Мијалкова, во насловната улога, Алберт: Васил Чичијашвили (Грузија), Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско Па де де: Саша Евтимова и Јан Кисилев. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент, Бисера Чадловска.

2

3

Првиот чин (реалистичниот), ја прикажува средбата на Жизел- девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива Алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.

4 (2)mob_4__10Вториот чин (фантастичниот) ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојки кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре. Таа ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.

mob_5__10

Divianarts.com е медиумски покровител на МОБ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСкандинавски спални соби
Следна објаваИлустрации на девојки во секојдневни ситуации
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ