Без разлика дали сте сами или во двојка, најдобро е да се стуткате под ќебе со добар филм или серија. НаPickboxима романтични мигови во изобилство. Според тоа каков лик си, сигурно ќе се најдеш во една од овие сериски љубови и парови кои којзнае како го нашле патот еден до друг:

12696081_421116594759760_2087305481_n (1)

Родни и Касандра/ Сплетки

Сите некогаш ја наоѓаат својата подобра половина, а ако тоа му успеало и на вечно несмасниот Родни од „Сплетки“ со неговото заведување кое е рамно на љубовно самоубиство, тогаш може секому да му успее. Единственото на што треба да се внимава е во близина да не се најде братот кој сака да ве посрамоти, затоа што тогаш сѐ пропаѓа.

Жан-Лик и докторката Крашер/ Ѕвездени патеки

Двојката која успеа да ја реализира својата врска дури во алтернативната иднина, капетанот Пикард и докторката Крашер се бакнуваат во сегашноста, во последната епизода од „Ѕвездени патеки“. Но тоа време, како и алтернативната иднина, уништенисе кога Пикард го менува минатото… Сѐ е релативно, затоа ништо не е невозможно!

Ал и Пеги Банди/ Брачни води

Ако среќно се заљубиш еден ден, само сети се дека Пеги и Ал Банди порано биле заљубени. Пред да впловат во мизерното пристаниште наречено „брак“,се гледалемилно, сексот им бил добар, оделе на пијачки и вечери. Останатото е историја. Ал седи на каучот со далечинското в раце и мрчи, а Пеги со цигара во уста се вртка низ кујната и подготвува јадења кои не се баш за јадење. Расположете се со гледање на најлошиот пар во историјата!

 12746429_421116551426431_1042302464_n

Френ Фајн и г. Шефилд/ Дадилка

Романсата помеѓу дадилката и нејзиниот богат шеф е ода за сите залудно заљубени кои трпеливо го чекаат својот миг. Трпеливоста се исплатува! Ако ништо друго, барем за оние што имаат долг јазик и се подготвени, баш како и дадилката Фајн, да ја предизвикаат својата среќа. Биди како дадилката Фајн. Предизвикај ја својата среќа!

Одри и специјалниот агент Дејл Купер/ Твин Пикс

Ќе замижиме пред фактот дека средношколката Одри е премлада за агентот Дејл, но вистинската љубов не признава години и не ги почитува општествените конвенции. Ако има хемија и добри вибрации, само напред (но само кога тој/таа ќе стане полнолетна!)

Шерлок и Моли/Шерлок

Љубовта помеѓу Шерлок и Моли можеби е платонска, но понекогаш токму таквата љубов ни дава сила. Општествено прилагодени социопати, ценете ги оние што ви се поддршка во сѐ!

12714021_421116588093094_1183499933_n12714021_421116588093094_1183499933_n

Бичер и Келер/Оз

Кога си долго во затвор како Бичер, не е чудно одеднаш да се најдеш заљубен во Келер и да го бакнеш во затворската пералница. Во таквите ситуации не е најлоша работа што си „геј“ лик во затвор, туку што твоето момче најверојатно по некое време ќе ти ги скрши рацете и нозете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСвети Трифун – празникот на лозарите, винарите и гостилниците!
Следна објаваХороскоп од 15.02 – 21.02.2016 година
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР