Марк Волберг против Вил Ферел! Кој ќе биде глава на семејството?

Daddys_Home_IMG1_bigОчувот Бред, е радиоводител, кој се труди неговите посиноци да го засакаат и да го викаат тато. Но, неговите планови се прекинати од нивниот биолошки татко, Дасти, кој се враќа.

Daddys_Home_IMG2_bigПристигнува комедијата на годината „Тато се врати“, филм исполнет со многу хумор на кој нема да можете да му одолеете, а да не го погледнете. Натпреварот помеѓу таткото и очувот е прикажан со истакнување на „сила“ и доминација.

Daddys_Home_IMG3_bigДобродушниот Бред се обидува да биде најдобриот очув на светот за децата на Сара. Но, кога нејзиниот поранешен маж, Дасти, ќе се врати во градот, Бред почнува да се чувствува инфериорно. Фриволниот Дасти веднаш почнува да се наметнува со својата атлетска градба, грижата за домот и со својата харизма на лошо момче. Бред се наоѓа во незавидна ситуација, но ќе мора да се потруди за да ги освои симпатиите на семејството.

Daddys_Home_IMG4_bigВо главните улоги се Вил Ферел (очувот) и Марк Волберг (таткото), една неверојатна магична спојка. Користејќи различни вештини за да ги придобијат децата, Волберг ќе се истакнува во секоја ситуација, додека Ферел покрај сите понижувања ќе се труди да остане добродушно мирен сѐ додека не доживее една ужасна јавна криза. На крајот, покрај сѐ тие ќе прифатат примирје и двајцата ќе бидат кул ко-татковци.

Daddys_Home_IMG5_bigПремиерното прикажување на „Тато се врати“ пред македонската публика бешe на 21.01.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 25.01. – 31.01.2016 година
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (25.01 – 31.01)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ