horoskop-mart-631x330
Овен
Работа – Интересен период за овновите кои сакаат на било кој начин да се експонираат во јавноста. Во почетокот на неделата можете да направите добар деловен договор со лица кои се Вага, Близнаци или Девица. Ќе направите и некои ризични финансиски трансакции. Бидете внимателни во трговијата со станови или куќи.
Љубов – Партнерот ве нервира со неговата мрзеливост и неодлучност. Немате впечаток дека можете да имате силно влијание на него. Обидете се на малку поделикатен начин да ја придобиете личноста која ви се допаѓа.
Здравје – Внимавајте на настинки.
БИК
Работа – Можеби премногу сте се довериле некому за своите планови и сега се плашите дека ќе бидете искористени на било кој начин. Овен или Шкорпија, нив, можете да ги убедите во се што сакате. Спремни сте да вложите пари во нов деловен проект, посебно ако се занимавате со недвижен имот, банкарски трансакции или трговија.
Љубов – Добро се чувствувате во друштво на харизматични личности на кои секогаш можете да се потпрете. Ако сте бик- жена, покрај вас имате силна личност која е спремна секогаш да ви биде при рака. Ќе добиете прилика да се смирите со некого, можеби Девица или Јарец, а некоја Шкорпија и понатаму пати по вас.
Здравје – Главоболка.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Почетокот на неделата ви носи нови можности, кога во прашање е работа од која многу очекувате. Можеби ќе добиете понуда која со радост ќе ја прифатите, но и вие самите можеби ќе му дадете некому понуда, која со радост ќе биде прифатена. Ви претстои почеток на успешна соработка доколку бидете спремни често да патувате. Ќе имате вонреден прилив на пари, доколку се занимавате со интелектуална работа.
Љубов – Ова е еден од подобрите периоди, посебно ако сте слободни а ви се допаѓа некој од работа. Ви претстои познанство кое брзо ќе се претвори во врска, но ако се во знакот на Вага или Водолија, ќе доживеете убава љубов.
Здравје – Внимавајте на грлото и не земајте газирани напитоци.
РАК
Работа – Успешни сте на сите полиња кои подразбираат пишување, знаење на странски јазици и добро изразување. Ако сте млади, амбициозни сте да создадете свој извор на приходи, да започнете приватен бизнис, преку кој ќе дојдете до поголеми пари.
Љубов – Во овој период имате хармонична врска со партнерот, кој многу ви е драг. Доколку сте слободни, ќе започнете страствена врска со Водолија или Овен.
Здравје – Добро се чувствувате.
ЛАВ
Работа – Ако работите во приватна фирма, потрудете се да ја завршите работата побрзо, зошто пред вас е возбудлив период. По ваша иницијатива, може да почне некоја многу важна работа од која вашите претпоставени многу очекуваат. Успех ви претстои доколку работите со Вага, Шкорпија и Бик. Работа со странство и понатака претставува можен извор на приходи.
Љубов – Ако сте во брак, сигурно сте спремни стоички да ги издржите сите евентуални искушенија и да го сочувате семејството. Го сакате партнерот и семејството и тие вас.
Здравје – Внимавајте на проблеми со стомакот.
ДЕВИЦА
Работа – Ќе ве пофалат на работа. Треба брзопотезно да реагирате на нешто што се случува на вашето работно место, можеби е некој конкурс за повисока функција. Не се нервирајте премногу околу некои трошоци или доколку не сте добиле некои ветени пари, набрзо се ќе регулирате.
Љубов – Интересна недела во која можеби ќе започнете нова врска со некој кој сте го запознале на работа или пак површно го познавате од деловните кругови. Доколку се работи за личност која е помлада од вас, а вие сте веќе зафатени, бидете внимателни, можете лесно да влезете во флерт.
Здравје – Добро се чувствувате.
ВАГА
Работа – Родените во третата декада на знакот, се под силен притисок дека треба да завршат со започнатите работи. Некому му успеало да ве наговори да работите за него, и доколку се работи за Лав или Вага, не го одбивајте предлогот без претходно добро да размислете. Добивате предлог да вложите извесна сума на пари во хартии од вредност или во недвижнини, но не се одлучувате на таков чекор, додека добро не ги видите опциите.
Љубов – Ќе бидете многу тактични во обидот да ја освоите личноста која долго време, многу ви се допаѓа. Ако се работи за личност која е многу воздржана и не покажува што чувствува за вас, ќе се обидете ја освоите со шарм но ќе и создадете и впечаток дека сте и многу потребни на работа.
Здравје – Внимавајте како возите.
ШКОРПИЈА
Работа – Почетокот на неделата може биде помалку стресен, заради чувството на несигурност, посебно во деловните комуникации со личности во знакот на Девица или Јарец. најдобро соработувате со знаците Бик, Вага и Риба. Контактите со странци или личности од јавниот живот ви носат добра заработувачка. Можни се приливи на пари од подалечни роднини кои финансиски добро стојат.
Љубов – Избегнувајте авантури на работа,тајни врски или додворувања на личности кои не се слободни. Ако немате партнер, ќе бидете предизвик на многубројни додворувачи. Младите шкорпии, можат да стапат во врска со постар партнер. Можно е познанство или љубов со странец.
Здравје – Внимавајте на храната.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Влегувате во напорен период кога концентрацијата ви е намалена, посебно ако наидувате на пречки, но тешко дека некој ќе ве поколеба. Верувате во себе и тоа на сите ќе им го дадете на знаење. Наскоро настапуваат позитивни промени. Доколку сакате да запишете некој вид на специјализација, морате да издвоите поголема сума на пари. Не ја одбивајте понудата за хонорарна работа.
Љубов – Уште оваа седмица, можете колку толку, да излезете на крај со љубовните проблеми. Искористите ги првите денови на овој период, затоа што некој во знак на Близнаци или Девица, може да биде непријателски расположен кон вас.
Здравје – Можна настинка.
ЈАРЕЦ
Работа – Пред нов и возбудлив предизвик се наоѓате. Ќе ви се понуди работа за која сте талентирани и преку која можете да станете славни, или да доживеете лична сатисфакција. Имајте доверба во советите на некој друг Јарец, Девица или Шкорпија. Бидете внимателни во деловната соработка со странци. Штедете и вложете ги парите во недвижнини.
Љубов – Пред голема дилема сте, посебно ако сте млада личност и ви се допаѓаат личности во Девица и Шкорпија. Ако сте долго во врска или брак, ќе се потрудите да имате подобра комуникација со партнерот, затоа што во последно време не била како што треба.
Здравје – Земајте повеќе чаеви.
ВОДОЛИЈА
Работа – Ќе бидете ангажирани, спремни на компромиси со нови соработници, посебно со Вага или Лав, а се во интерес на работата, да оди како што треба. Можете да очекувате прилив на пари од постари членови на фамилијата или доколку сте млади, ви претстои напредување на работа со зголемена плата. Помислете на некој оригинален начин, како да го зголемите приходите.
Љубов – Доколку сте маж, ќе ви се допадне жена која е доста помлада од вас, но многу амбициозна. Внимавајте да не бидете на некој начин запоставени во таа врска. Ако сте жена во овој знак, ви се допаѓа некој доктор.
Здравје – Добро се чувствувате, не претерувајте со аеробик или вежбање во теретана.
РИБИ
Работа – Ова е за вас период на големи амбиции и ја имате помошта од помлади но и многу постари личности од вас. Креативни способни личности кои имаат смисол за бизнис, ви помогаат да воспоставите контакт со странци. Доколку барате пари, ќе најдете од постара личност. Во хаос сте со трошење пари, без разлика колку заработувате.
Љубов – Доколку личноста која ви се допаѓа е во странство и ви го најави дека доаѓа, ќе бидете одушевени. Слободните риби ќе имаат многубројни возбудувања, а тие кои се во брак треба да внимаваат што прават. Може да ви се допадне некој Јарец.
Здравје – Добро се чувствувате, облекувајте се адекватно со времето
СПОДЕЛИ
Претходна објаваСнежната Москва
Следна објаваИнтересни приказни за имињата на големите светски трендови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ