Интересни приказни за имињата на големите светски трендови!

Интересни приказни за имињата на големите светски трендови!

Голем дел од познатите модни светски брендови, имаат интересни приказни за создавање на имињата на своите модни линии. ASOS е всушност акроним, а модниот бренд Rodarte, потекнува од нешто многу важно за неговите креаторки – како што самите кажуваат. Во продолжение прочитајте ги интересните приказни кои се кријат зад создавањето на имињата, на некои од најголемите модни брендови!

TIFFANY & CO. – Во оригинал, компанијата е наречена “Tiffany, Young, i Ellis.” Меѓутоа, кога Charles Tiffany се определил за изработка само на накит во 1853., компанијата го сменила името во “Tiffany & Company.”

tiffany-1580517

RALPH LAUREN – Ralph Lauren е бренд кој го креираше Ralph Lauren, чие презиме воопшто не е Lauren. Неговото вистинско презиме е Lifshitz. Тој го променил презимето кога имал 16 години, затоа што на школо децата го малтретирале заради фактот дека во неговото презиме ги има зборот “shit”.

polo-ralph-lauren-ss-2011-josh-upshaw

RODARTE – Брендот го доби името од дизајнерките Kate и Laure Mulleavy, кои го именуваа брендот по моминското презиме на нивната мајка – Rodarte.

rs_1024x759-140909142410-1024.rodarte.cm.9914

ASOS – Кратенката e од “As Seen On Screen”. Ова име е креирано затоа што компанијата на почетокот имала идеја луѓето да купуваат, тоа што популарните sвезди го носат, видено на телевизија.

cetvrta-7

ASOS

3.1.Phillip Lim – Phillip Lim бил инспириран за името на својот бренд од пријателството што го имал со својот деловен партнер, Wen Zhou. Phillip Lim ја започнал својата модна линија кога двајцата имале 31. година – 3.1 Phillip Lim. 31, 3.1.

ACNE STUDIOS – Acne Studios оригинално, компанијата произлезе од ACNE, креативната  колективна фирма, која била фокусирана на филм, продукција, реклама и графички дизајн. ACNE е акроним за “Ambition to Create Novel Expressions.”

ALICE + OLIVIA – Линијата е креирана од страна на две поранешни студентки од Пенсилванија, Stacey Bendet и Rebecce Matchett. Тие одлучиле дека брендот ќе го именуваат по своите мајки Alice i Olivijа. Matchett излезе од компанијата после година дена и компанијата го смени името во  Alice + Olivia by Stacey Bend.

page-8Burberry

BURBERRY – Burberry е оригиналното име на брендот од кога прв пат почнал со работа 1856. годна. Потоа го именувале во “Burberry’s” – затоа што купувачите го именувале брендот како “Burberry’s of London.” Многу подоцна, во 1998. година, вратено е името во Burberry, заради маркетиншки причини.

miuMIU MIU пролет/лето 2016

MIU MIU – Модната куќа е фамилијарен бизнис од формирањето во 1913. година, кога почнала со продажба на кожни парчиња под името “Fratelli Prada” . Подоцна бизнисот го превзема ќерката Marija Pradа, која подоцна модната куќа ја остава на својата ќерка  Miuccijа. Miuccia лансираше уште еден бренд внатре во Pradа, Miu Miu – наречен по нејзиниот прекар од детството.

ELIZABETH AND JAMES – 2007. година, Mary-Kate и Ashley Olsen направија свој моден бренд, Elizabeth and James. Нивната оригинална идеја за името била брендот да има машко и женско име. Ги одбрале имињата Elizabeth и James, а подоцна излезе дека тоа се имињата на нивните брат и сестра. Случајност?!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 18.01 – 24.01.2016
Следна објаваСтара пештера претворена во прекрасен дом
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР