Тагата е неописливо голема откако не напушти едно големо име од големото платно, Алан Рикмен.

Покрај големите улоги кои ја обележаа неговата кариера, мораме да се согласиме дека кулминацијата беше серијалот Хари Потер, во која Алан вложи една деценија. Никогаш нема да заборавиме на професорот Снејп, на неговата прекрасна личност, на неговите жртви.

Алан Рикмeн ќе остане дел од многу детства, од многу животи и сигурни сме дека неговата работа ќе ја погледнат и новите генерации, ќе учат од неа и со малку надеж ќе влијае врз нивното созревање во млади индивидуи со вистински животни вредности.

За да го обележиме постоењето на Рикмен, во прилог ќе оставиме неколку негови цитати, за неговиот живот, за актерството, како докази на неговата прекрасна личност.

000000

– „Талентот е инцидент на гени – и одговорност“

– „Се што сакам да видам од еден актер е интензитетот и прецизноста на нивното слушање
– „Јас ја сфаќам мојата работа сериозно, а тоа го правам со тоа што не се сфаќам себе си премногу сериозно
 – „Доколку луѓето сакаат да знаат кој сум, можат да погледнат во мојата работа
– „Актерството допира нерви врз кои апсолутно немаме контрола
– „Секоја улога која ја играм има различна димензија. Надвор од мојот интерес е да ги спојувам заедно.
– „Мислам дека не е во ред сите да знаат се за мене
– „Моите родители немаа никаква врска со театарот. Јас сум во некаква случајност
– „Сакам да пливам во двете насоки наеднаш. Да посакувам успех, да го запознавам неуспехот
 
СПОДЕЛИ
Претходна објаваKoга принцезите на Дизни би се појавиле на модна писта!
Следна објаваWinter Wool и празнична колекција на Timberland
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ