horoskop-mart-631x3301
ОВЕН

Работа – Правите нелогични и непромислени потези, влегувате во расправии со колегите. Ја трошите залудно енергијата која ви е потребна да ги средите работите до крај. Посилни сте на зборови отколку на дела.

Љубов – Доколку сте во брак, со брачниот партнер се избегнувате по дома. Слободните жалат по некоја пропуштена прилика. Негативниот период ќе го испратите во старата година а потоа следат подобри денови.

Здравје – Сем нервната напнатост нема да имате некои поголеми проблеми. Почнете со внес на магнезиум во исхраната и со лесни тренинзи.

БИК

Работа  – Вашата цел е јасна, а психата мирна и стабилна како ситуацијата на работното место. Лесно создавате нови деловни контакти и лесно со полет ги завршувате и работите заостанати од порано.

Љубов – Ситуацијата на љубовното поле е блиску до идеална. Комуникацијата никогаш не ви била подобра. Многу лесно ги постигнувате емотивните цели. Во голема љубов сте со партнерот.

Здравје – Генерално добро се чувствувате и имате силен организам. Внимавајте на поголем внес на алкохол за време на празниците.

БЛИЗНАЦИ

Работа – До последен ден на оваа година останувате доследен на работата и обврските кои ги имате. Не си дозволувате ни мал одмор, затоа што сметате дека тоа нема да ви користи. Напорната работа и труд ќе ви бидат поштено платени.

Љубов – Ќе бидете малку дистанцирани од саканата личност. Ништо не правите со лоша намера, туку сте премногу оптеретени со работа и тешко ви паѓа фокусирањето на емотивните случувања.

Здравје – Вашето здравје во оваа фаза е генерално добро. Повремено замор и нервоза заради обемност од работните обврски.

РАК

Работа – Главниот акцент сега е на полето со јавноста и полето со партнерства. Очекувајте позитивни решенија доколку се занимавате со јавна работа. Ви следи голем успех!

Љубов – Саканата личност ќе има многу интересен предлог за вас. Сигурно сте окупирани за пронаоѓање на интересно место за дочекот за Нова година. Цело време ве прати позитивна атмосфера.

Здравје – Важно е да избегнувате тешка храна и кафе, заради желудникот. Не го прескокнувајте доручекот.

ЛАВ

Работа – Ќе успеете да ги завршите сите важни работи во дадениот рок. Среќа ве прати во оваа фаза и се оди онака како сте планирале. Покрај сите обврски ви останува време за одмор и разонода.

Љубов – Нема драстични промени на овој план. Одлично се чувствувате на добро познат терен со личноста која имате крај себе. Не сакате непотребни ризици.

Здравје – Постепено ви се подобрува состојбата на здравствен план. Имунитетот ви е појак и се чувствувате добро. Доволно сте силни и се чувствувате одлично!

ДЕВИЦА

Работа – Можете да очекувате мал прилив на пари, како и добиток на игрите на среќа. Се наоѓате во позитивна фаза. Очекувајте многу позитивни околности во врска со работата. Успевате да исполните голем дел од вашите цели!

Љубов – Нова и многу сериозна и перспективна врска е на почеток. Уживате во интересните случувања и запознавањето на партнерот, заедно правите планови за иднината.

Здравје – Мали проблеми со зголемен притисок, одморете се и избегнувајте стресни ситуации.

ВАГА

Работа – Доколку се занимавате со приватна работа, конечно доаѓате до посакуваните резултати. Можеби очекувате зголемување на работата како и помош од постари машки колеги.

Љубов – Крајот на старата година и пречекот на Новата, можеби ќе го дочекате покрај нова личност. Ве очекуваат интересни случувања на љубовен план. Имате прилика за бројни авантури.

Здравје – Можеби патите од недостаток на апетит. Подобрете ја исхраната и воведете редовни оброци.

ШКОРПИЈА

Работа – Не дозволувајте нервозата и внатрешната несигурност со која се борите,  да ве тргнат од правиот пат кон деловниот успех. Во оваа фаза самите на себе сте си најголем непријател, ако не се организирате правилно.

Љубов – Емотивно сте стабилни и тоа ви е најсветлата точка. Можете да се потпрете на саканата личност од кај ја имате најголемата п и љубов.

Здравје – Внимавајте на исхраната и без нервози.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Полни сте со енергија и тоа се рефлектира на работата, па затоа ве очекуваат неколку убави моменти. Вие дефинитивно сте заслужиле да бидете среќни.

Љубов – Убава позитивна енергија ќе го следи љубовниот викенд. Заљубени сте и страствени.

Здравје – Запишете некој спорт или одете на некои подолги прошетки.

ЈАРЕЦ

Работа – Целата недела во глава ќе ви се врти некој проблем на член од фамилијата. Но не дозволувајте тоа да влијае на професионалните обврски, желби и планови.

Љубов – Кон крајот на неделата, љубовта ќе биде во прв план во вашиот живот, искористете ја позитивната енергија и поминете незаборавно време со некого кого го сакате.

Здравје – Здравјето и имунитетот – добри.

ВОДОЛИЈА

Работа – Неделата пред вас ќе биде добра. Очекувајте многу позитивна енергија и успешни деловни договори. Ќе имате многу деловни состаноци во вашиот распоред, внимавајте да не се изгубите. Не опуштајте се, има уште доста работа пред вас. Доколку во четврток започнувате нов проект, не се срамете да побарате помош од пријатели. Неделава бидете во двоумење за некои правни прашања, не брзајте. Оставете работите да станат појасни.

Љубов – Емотивните односи со партнерот се подобруваат. Бидете повнимателни и нежни со него, партнерот тоа го заслужува.

Здравје – Одете на подолги прошетки и на чист воздух.

РИБИ

Работа –  Следната недела ќе биде забележана со пријатни моменти во друштво со вашите колеги. Ќе бидете со нив во добри односи, радосни, насмеани и исполнети. Заслужувате орден по прашањето на внимателност и штедливост со парите од минатата недела. Време е нешто да се почестите.

Љубов – Мир и баланс на емотивно поле, вашите љубовни потреби ќе бидат исполнети.

Здравје – Повеќе витамини за празниците.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕЈСИ македонски дизајнерски бренд кој нуди современ начин на секојдневно живеење!
Следна објаваЗанесните руски метро станици
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ