Дозволете ни да Ви прикажеме уште неколку интересни и невообичаени традиции во светот за време на најубавиот празник во годината…

11. НАСЕКАДЕ ВО СВЕТОТ

00000

Бакнежот на полноќ доаѓа од нејасни извори, иако некои тврдат  дека оваа традиција потекнува од Фестивалот на Сатурналија, од римското доба. Без разлика на потеклото, ние се трудиме да ја одржиме оваа традиција насекаде низ забавите во светот.

12. ГРЕНЛАНД

00001

Традиционално, во Гренланд, божиќната вечер е наменета за сопругите. Мажот се грижи максимално за неговата најмила и се труди да и угоди колку што може повеќе.

13. ХАИТИ

00002

Децата во Хаити ставаат чевли полни со слама под божиќното дрво, надевајќи се дека Дедо Мраз ќе ги земе чевлите и ќе остави подарок на нивното место.

14. ЈАПОНИЈА

00003

Јапонците пак, на Божиќ гледаа повеќе како Валентин и најпопуларен начин за прославување на вљубените двојки е во KFC. Всушност, толку е популаризирана оваа традиција, што е тешко да се стигне до резервација.

15. МЕКСИКО

00004

На 23 – ти Декември, во градот Oaxaca, семејствата се собираат да издлабат фигури од ликовите на Христовото раѓање од ротквици. Најубавите фигури ги прикажуваат на плоштадот.

16. ФИЛИПИНИТЕ

00005

По полноќната миса, најблиските се собираат да уживаат во гозба наречена „Noche Buena“. Кралот на деликатесите е топчето сирење кое е прелиено со восок.

17. ГРЦИЈА

00006

Во Thessaly, момчињата ќе стават гранка од кедар, а девојките гранка од цреша над огнот. Гранката која најбрзо ќе изгори е знак за среќа и потенцијален брак.

18. ПОЛСКА

00007

За време на божиќната вечера се поставува слама под чаршафот на масата за да го симболизира раѓањето на Исус. Гостите по ред острануваат дел од сламата, зелената слама симболизира брак, а жолтата, уште една година без партнер.

19. КАТАЛОНИЈА

00008

Caga Tio е среќен, но омразен карактер кој Каталонците го прават од трупец дрво. Тие го хранат со слатки се до ноќта пред Божиќ, а кога Божиќ ќе дојде, тие го тепаат Caga Tio со стапчиња за да ги исгрли слатките.

20. САД

00009

Често на божиќните дрва кај Американците можеме да забележиме чудна декорација – краставичка. Традицијата се верува дека потекнува од Граѓанската војна, кога Private John C. Lower, плашејќи се од гладот за Божиќ, го замолил својот грабнувач за краставичка. Тој бил убеден дека актот на милост го спасил неговиот живот и со тоа се родила оваа чудна традиција.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР