1Скандинавскиот стил на уредување секогаш ги преферира минимализмот и природните декорации, па ниту божиќното украсување не е исклучок. Се карактеризира со природни новогодишни елки и украси, како што се борови шишарки, мов, гранчиња и слични декорации кои може да се најдат во природата. Ако на тоа се додадат и свеќи, крзно, сијалички и фенери, впечатокот може да биде воодушевувачки. Скандинавските новогодишни елки се најчесто природни, а украсени се многу минималистички, само со неколку лампиони, додека некои воопшто не се украсени – дрвото останува природно и ненакитено, какво што било и во природата. Божиќните декорации во скандинавски стил често вклучуваат и накитени гранчиња во вазна, или, пак, украсени чемпреси и други зимзелени дрвца во тегли. Ви претставуваме еден прекрасен семеен дом, комплетно инспириран од нордискиот стил, кој во екот на празничните прослави зрачи со елеганцијата, едноставноста и убавината. Пронајдете ја омилената идеја и внесете скандинавска магија и во вашиот животен простор.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH&M: Празничен едиторијал
Следна објаваБожиќни традиции ширум светот [прв дел]
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ