Со надеж дека ќе го разгориме Вашиот празничен дух, а со уште поголема надеж дека ќе придонесеме во неговата креација кај Вас, ви ги претставуваме едни од најубавите божиќни традиции во светот, за кои гарантираме дека ќе Ви го стоплат срцето. А како тоа поинаку би го направиле без помош на картичките создадени од Marie Muravski?

1. АВСТРИЈА

00000

Кога станува збор за Австриците, тие имаат една навистина интересна традиција. На празникот на св. Барбара (4 декември), во чаша полна со вода се става гранче од црешово дрво. Доколку процвета ноќта пред Божиќ, се очекува многу среќа а можеби и брак.

2. БЕЛОРУСИЈА

00001

Пред секоја девојка се става по малку пченка и еден петел се упатува кон една девојка. Кон која ќе се упати петелот, таа е се смета дека ќе биде следната која ќе влета во брачните води.

3. ПОРТУГАЛИЈА

00002

За време на Cosoda (божиќната утринска гозба), се остава едно слободно место за духовите на починатите во семејството. Можеби звучи морничаво, но оваа традиција се практикува во многу делови на светот.

4. ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

00003

Оваа традиција ни е на сите добро позната. Во текот на осумнаесеттиот век, во централна Англија настана верување дека бакнежот под гранка на имела симболизира љубов и плодност. Оваа магија се чувствува на божиќните забави околу целиот свет, не само во Обединетото Кралство.

5. УКРАИНА

00004

Откако пајакот чул дека вдовицата немала средства да го декорира божиќното дрво, тој сплел мрежа околу гранките. Оваа приказна прераснала во верување, дека доколку се најде скриен пајак во дрвото, тоа е знак за неизмерна среќа.

6. ШВЕДСКА

00005

Кој и да го пронајде бадемот во чинијата со Ris à la Malta (пудинг со ориз), ќе стапи во текот на следната година. Среќните самци треба многу внимателно да ја изберат својата чинија.

7. ИТАЛИЈА

00006

Мажите и жените за време на празничните денови носат шарена долна облека, за да им донесе среќа.

8. РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

00007

Девојките кои се спремаат за брак си ја пробуваат шансата со фрлање на чевел преку нивното рамо. Ако предниот дел од чевелот покажува кон вратата, тогаш набрзо ќе се слушаат свадбени ѕвона.

9. ФИНСКА

00008

За време на првиот ден во новата година, луѓето се собираат за да стават стопен калај во ладна вода. Формите кои ги прави калајот се смета дека ја предвидуваат иднината. За сите оние безнадежни романтичари, срце или прстен носи добра вест.

10. ВЕНЕЦУЕЛА 

00009

Една недела пред Божиќ, семејствата и најблиските со својот мил пар ролерки се упатуваат до Misa de Aguinaldo. За да се обезбеди максимална безбедност, патиштата се затворени на овој ден.

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ