друштво на ликовни уметници на Македонија во соработка со НЛБ Тутунска банка од Скопје, имаат чест да Ве поканат на изложбата „миниАРТура“ која ќе се отвори во четврток (03.12.2014) во 20:00 часот во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка. На изложбата ќе се претстават автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

За изложбата „миниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по шести пат ќе се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“, а од страна на НЛБ Тутунска банка потрет пат ќе има една откупна награда насловена „НЛБ-МИНИ АРТ“.

За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10цм, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто представува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.
Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат.

Минијатурата не е прикажување на еден детаљ или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и представува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.

Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата12308796_986600968070139_495426874849657051_n (1)

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава10+ разлики помеѓу патник и турист
Следна објаваУметничка фотосесија за новата колекција на Bella
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР