Bella e етаблиран македонски моден бренд со традиција уште од 1991 година. Оттогаш до денес, овој бренд е постојано на врвот на македонската модна сцена, со клиентела која постојано расте.

Новата модна сесија, пријатно нѐ изненади и нѐ освежи со уникатниот пристап, динамичноста и левитацијата на моделот во креациите на Bella.

Новата колекција е апсолутно гламурозна – заради дизајнот, чистите линии, скапите материјали, високо брендираните модни додатоци и рачната доработка. Таа нѐ освојува со елегантните бои: белата, црната, сивата и кралската бакарна. Колекцијата се состои од фустани, блузи, кошули, панталони, јакни и сакоа.

Bella NY 03873

Сите парчиња одлично се комбинираат помеѓу себе затоа што линијата е чиста, но допрена со префинети и брендирани модни додатоци, украси и копчиња. Колекцијата е наменета и за ден и за ноќ. Материјалите се луксузни – станува збор за брокат, рејон, волна, свила и кашмир.

Свечените палта и фустани изработени од брокат (уникатно создаден двослоен материјал од природна вискозна плетка во комбинација со бакарен/сребрен/ светкав црн конец) ниту една дама нема да ја остават рамнодушна. Новите модни тенденции го враќаат сатенот во неговиот полн сјај, па тој, во оваа колекција на Bella е присутен кај пантолоните, фустаните и сакоата, во комбинација со брокатот и другите материјали.

Bella NY 03661Да резимираме… Bella е апсолутен бренд кој има свој препознатлив печат: женствена линија, природни материјали, врвна изработка. Bella е парчето кое секоја дама мора да го има во својот гардеробер. Bella NY 03642Bella NY 03795Bella NY 03822Bella NY 03718Bella NY 03735Bella NY 03626Bella NY 03585Bella NY 03475

Bella NY 03545

Bella – Крој по мерка за совршен изглед – Г.Т.Ц. – I кат – Skopje City Mall – I кат – Т.Ц. Буњаковец – I кат

СПОДЕЛИ
Претходна објава„миниАРТура“ во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка
Следна објаваCarolina Herrera – симбол на елеганцијата
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ