По повод на вчерашниот празник, Интернационалниот ден на детето одлучивме да споделиме една преубава фотосесија направена од Adelina Triesta, навистина добар фотограф а уште подобра мајка.

Аделина има дете со Патау синдром и нејзината цел е да ја натера популацијата да гледа ПОЗАДИ ретките болести и да ги цени вредностите на луѓето, а со тоа и да ги спознае нивните интереси. Проектот на наречен „Rare Project“.

Погледнете ги фотографиите кои доаѓаат со кратка приказна.

 000

Метју е вљубен во фудбалот. Фудбалот е неговата страст.

001

Елизабет обожава да танцува и пред некое време започна да оди на часови по балет.

002

Томос сонува за ден кога тој ќе игра за Манчестер Јунајтед.

003

Април е храбра и посветена, пријателски расположена и го шармира секој оној кој ќе ја запозне.

004

Грејс ги обожава анимациите на Дизни, поготово Мики Маус.

005

Хајди обожава да оди во кино, да јаде надвор од дома, да се шминка, да има маникир и да се облекува како Дизни принцеза. Таа ги обожава животните и семејните одмори.

006

Фејт е 14-годишна и е многу забавна, зборлеста и сакана, а има и навистина одлична смисла за хумор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУште само неколку дена – отворен повик за учество на базар викенд!
Следна објаваЧудесни места во светот
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ