nas

Париз доби уште едно место за гастрономско уживање, шармантниот ресторан Histoires. Сопственикот е талентираниот и популарен готвач Mathieu Pacaud чија цел била да ја прикаже храната на уметнички начин. Имено, секој од оброците кои ги нуди ресторанот е инспириран од уметници кои во својот живот оставиле длабока трага во полето на сликарството, книжевноста и музиката. Начинот на стилизирање на храната во чиниите потсетува на колажите на Матис, а симфонијата од вкусови е баш како делата на големиот Моцарт. Менито е скромно, составено од само 15 јадења, а ресторанот собира ни помалку ни повеќе туку 12 луѓе.

3

1

6

5

7

Во ентериерот преовладуваат бледорозови нијанси со интересна грациозна уметност на ѕидовите. Ресторанот се наоѓа на затскриено место, во близина на Трокадеро. Место во кое уметноста дише и кое навистина вреди да се посети.

8

9

10

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов тренд – прав со светки на коренот на косата!
Следна објава[Филм] Burnt
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР