Дали си духовник кој може да се загледа во некој друг свет или си реалист со стапалата цврсто на земјата? Според тоа колку веруваш или не веруваш во магијата, Pickbox за тебе подготви топ-листа на магични филмови и серии, во зависност од твоето лично ниво на магија!

FOTO_Kolku magija ima vo tvojot zivot

Понекогаш сакаш совети од тарот-карти

Ниво на магија: ниско до умерено

Со оглед на тоа што не можеш да ги разбереш сите лоши работи што ти се случуваат, уверен/а си дека некоја злобна душа ти има фрлено урок. За да го отстраниш, понекогаш бараш помош од тарот-картите или гледаш во кафе. Дека не е сѐ така црно и дека можеш да го најдеш патот до невиното и детското во себе, ќе ти покаже прекрасниот анимиран филм на „Дизни“, Креветски украси и дршки од метли во кој Анџела Лансбери („Убиство, напиша таа“) ја игра Мери Попинс!

 

Бајките ти се во ред, но не сакаш да се залажуваш

Ниво на магија: умерено

Знаеш на децата или на внуците да им прочиташ бајка, а понекогаш читаш и за сопствен ќеф, иако тоа никому не би го признал/а. Но, кој би верувал во такво нешто? Понекогаш сепак сѐ ти изгледа можно, но мораш да бидеш во посебна состојба на умот за да поверуваш во Снежана, во нејзината злобна маќеа и во тие некакви седум џуџиња со кои наводно живеела во некаква колиба во шумата. Ако сепак дозволиш волшебната страна да надвладее со тебе, оптегни се на каучот, направи си чај или какао и уживај во Снежана и седумте џуџиња.

 

Животот ти е бајка

Ниво на магија: високо

Не ти е јасна целата негативна енергија на твоето друштво затоа што твојот живот едноставно е бајка. Го имаш тоа што ти треба, уживаш во тоа, си го нашол/нашла својот партнер и живеете живот како распеани птички. Сериите што дефинитивно ќе ги сметаш за бајковити се Си било еднаш и Си беше еднаш во Земјата на чудата. А дали ти кажавме дека Снежаната Џинифер Гудвин и принцот Џош Далас се запознале за време на снимањето на серијата, се заљубиле и се венчале?

 

Ти си лик од баките и не се срамиш да го признаеш тоа

Ниво на магија: ти си волшебник/волшебничка!

Одвреме-навреме, кога имаш време за тоа и кога ти се сака, знаеш да полеташ, да се појавиш и да исчезнеш за миг и да го запреш стареењето. Знаеш ли некој друг, освен тебе, кому тоа му успеало? А да не си ти Петар Пан? Единствената работа што те разликува тебе од вечно младото и занесено момче кому единствен проблем во животот му е капетан Кука е што ти си сепак малку постаро момче/девојче и немаш земја која се вика Недојдија. Не се обидувај да ја скротиш својата волшебна и бајковидна страна затоа што баш тоа е посебното кај тебе. Филмот на твојот живот е Петар Пан. Подготвен е и во секое време те чека на Pickbox!

Дополнително види што доаѓа на Pickbox месецов, а што мораш да изгледаш пред да си замине.

Доаѓа на Pickbox:

Си било еднаш (Once Upon a Time)– 1.11.

Си беше еднаш во Земјата на чудата (Once Upon a Time in Wonderland) – 1.11.

Куќа од карти (House od Cards BBC) – 1.11.

Разум и чувства (Sense and Sensibility) – 1.11.

Божиќ во Кендлшу (Candleshoe) – 5.11.

Петар Пан (Peter Pan) – 12.11.

Враќање во Недојдија (Return to Neverland) – 12.11.

Ѕвездени патеки: Следната генерација (Star Trek: The Next Generation)- 15.11.

Планетата со богатство (Treasure Planet) – 19.11.

Дедо Мраз (The Santa Clause) – 19.11.

Дедо Мраз 2 (The Santa Clause 2) – 19.11.

Дедо Мраз 3: Odbjegli djedica (The Santa Clause 3: The Escape Clause) – 19.11.

Ќе бидам дома за Божиќ (I’ll be Home for Christmas) – 19.11.

Божиќната песна на мапетите (The Muppet Christmas Carol) – 19.11.

Божиќна приказна (Disney’s a Christmas Carol) – 19.11.

Чиракот на волшебникот (The Sorcerer’s Apprentice) – 26.11.

Запознајте ги Робинзонови (Meet the Robinsons) – 26.11.

 

Си заминува од Pickbox:

Твин Пикс (Twin Peaks)– 5.11.

Историјата на Нарнија: Лавот, вештерката и орманот (The Chronicles of Narnia: The Lion, The Witch and the Wardrobe) -7.11.

Историјата на Нарнија: Принц Каспијан (Cronicles of Narnia:Prince Caspian) – 14.11.

20.000 милји под морето (20,000 Leagues Under the Sea) – 14.11.

4400-те – 19.11.

Инспектор Гаџет (Inspector Gadget) – 21.11.

Чудо (Miracle)– 28.11.

Смирувач (The Pacifier) – 28.11.

Вил и Грејс (Will and Grace) – 30.11.

Подобро јавете му се на Сол (Better Call Saul) – 30.11.

Кугар Таун  (Cougar Town)– 30.11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа сите љубители на велосипедските авантури -“The Vicious Cycle”
Следна објаваУбавите чевли на Пепелашка – во денешно време!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ