nslovna

На благите и слатки задоволства тешко кој може да им одолее. Изборот е толку голем и богат, а вкусовите се различни кај секого. Топло чоколадо или овошен колач? Торта или палачинки? Во продолжение прочитајте кој десерт му е омилен на секој хороскопски знак.

Овен

Овенот се грижи за својот изглед, па затоа бира здрави слатки, како колач со јаболка. Обожаваат зачини, па омилени им се додатоци како цимет, ѓумбир, морско оревче и сл.

Бик

Биковите имаат истенчен вкус и сакаат домашни и традиционални слатки, како и слатки со крем-сирења, карамела и павлака, па првиот избор скоро секогаш им е торта од крем-сирење (чизкејк).

1
Близнаци

Близнаците преферираат лесни и не многу благи овошни торти и колачи кои се едноставни за правење. Омилен десерт им е колач со малини и банани прелиен со крем.

Рак

Чоколадото е радост и утеха за секој Рак. Обожаваат чоколаден мус, крем и пудинг. Сакаат и благи кои содржат малку алкохол.

Lemon wedding cakes by Peggy Porschen (left) and The Cake Girls (right)

Лав

Лавовите, во свој препознатлив стил, сакаат големи парчиња десерт. Тие тешко можат да му одолеат на благото. Добар избор за нив е торта од лимон или портокал бидејќи е освежителна.

Девица

Девиците преферираат здрава исхрана, па попрво би се одлучиле за здрав овошен сок, отколку за нешто слатко. Омилен вкус им е ванила или јагода.

3
Вага

Вагите најмногу сакаат слатки со вкус на јагода. Нивниот избор секогаш се ладни или замрзнати десерти. Покрај вкусот, важна им е и декорацијата на десертот.

Скорпија

Страстните Скорпии обожаваат чоколадно пралине со цреша, како и темно чоколадо. На второ место им се крем-тортите со сирење.

4
Стрелец

Стрелците сакаат десерти кои ги потсетуваат на егзотични места, со овошје како манго, ананас и кокос. Не сакаат преблаги десерти, туку освежителни и лесни.

Јарец

Јарците сакаат домашни колачи кои често сами си ги подготвуваат. Сакаат зачини како цимет, ванила и бадеми, а секој подготвен колач носи нивен личен печат.

Водолија

Водолиите сакаат да експериментираат и да комбинираат необични вкусови, како на пример солено со благо. Омилени десерти им се овошни и желе- торти.

5
Риби

Идеални десерти за Рибите се оние со малку шеќер и многу овошје како на пример боровинки, малини, капини и сл. Посебно ги радуваат ладни десерти за време на топлите денови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДоделени првите сертификати за сомелиери во Македонија
Следна објаваСоби со спектакуларен поглед!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР