DSC_0161Во пријатна атмосфера и вински амбиент во винотеката на Воденица вчера беа и официјално доделени сертификатите за ниво 1 (еден) на првата генерација македонски сомелиери кои посетуваа теоретска настава и вежби за вински дегустации според програмата на AIS. (Associazione Italiana Sommelier), а во организација на Здружението на сомелиери на Македонија.DSC_0162

Ова ќе бидат првите сомелиери  во Македонија кои ќе треба да придонесат за развојот на винската култура, но и за соодветно претставување на виното пред потрошувачите.

Материјата на оваа тема во основа ми беше позната зашто веќе неколку години работам во професионалното угостителство но за време на обуката се сретнав со податоци и работи кои беа нови и едукативни и за мене. Најмногу ми се допадна тоа што се реализираа практични вежби со дегустациија на преку 30 различни стилови на вино. На тој начин и најмногу се учи за виното рече Александар Менков, еден од новите сомелиери.DSC_0163

Видовме една одлична спакувана програма чиј концепт овозможува на наједноставен и најбрз можен начин да се претстави богатиот и комплексен свет на виното, но и да се развие интерес и страст за него. Кај мене дефинитивно целта е постигната изјави Жарко Алексов, уште еден од учесниците.

Здружението на сомелиери на Македонија во скора иднина ќе продолжи со организирање сомелиерски обуки за нови кандидати кои подоцна ќе им се придружат на оваа прва генерација македонски сомелиери
DSC_0164 DSC_0165 DSC_0166 Grupna slika_Somelieri

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУспешна соработка на Kanye West и adidas Original!
Следна објаваОмилен десерт според хороскопскиот знак
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ