DivianArts освен што е сајт посветен на креативната страна на животот, има и за цел да поддржува и промовира млади таленти кои се занимаваат со некој вид на уметност, а со тоа и да ги охрабри сите оние кои носат креативен дар, да го споделат со нас и нашите читатели.

Дозволете ни да ве запознаеме со младиот и талентиран дипломиран сликар Максим Димитров од Скопје. Еве што тој ни раскажа за неговите дела, инспирацијата и креативноста како начин на живот.

maksim

За себе…

За себе вели дека е реалист и ги сака работите такви какви што се, природни. Во уметноста го сака реализмот како правец, верува во искреноста на тие слики. Сликата има свој карактер, своја приказна. Идејата е најважна, пораката што му се пренесува на гледачот. Неговото мислење за уметноста е дека таа не познава граници и незаменливото чувство на слобода е момент по којшто секој цели, а уметноста бескрајно го поседува.

За инспирацијата…

Најголема инспирација му е шетањето и откривањето на нови видици, нови погледи и моменти, несекојдневни случувања, моменти од животот, ситуации, го интересира како нештата функционираат на свој начин, спонтано и природно.

3

6

7

Љубовта кон сликарството

Скромен, приземен и секогаш позитивен, Максим отсекогаш имал љубов и страст кон ликовното изразување: „Тоа што најмногу ме води кон ликовното изразување е моментот на сликање, изработката на сликата, концентрацијата, како идејата преминува во реализација – задоволството е неописливо. Љубовта започнува од срцето, колку повеќе те исполнува креативноста преку сликањето, толку повеќе и повеќе сакаш да создаваш” – ни раскажа тој.

Процесот на творење

За неговите идеи да бидат совршено претставени на слика, Максим користи различни техники на сликање и материјали. „Кога станува збор за работата, тука материјалот или техниката имаат голема улога. Работам со разни техники – масло, акрил, акварел, графит и молив, а најомилена техника ми е сувиот пастел. Сакам да сликам пејсажи, особено директно сликајќи во живо, како и портрети, кога длабоко навлегуваш во суштината на одреден карактер. Исто така експериментирам преку карикатури или нови техники при цртање”.

8

2

4

maksim 2

5

За идните планови и креативноста…

„Наредно што планирам е покрај реалното сликарство на платно, да започнам и со дигитална уметност, слики во дигитална форма, во интересен и модерен стил.

Моја порака за младите е да не се откажуваат и да целат кон она што го сакаат од сѐ срце. Креативно да се изразуваат и да бидат уникатни, како и да веруваат во себе, затоа што креативноста ја буди свеста и ја разигрува фантазијата кај поединецот”.

Делата на Максим Димитров можете да ги погледнете и на неговата фан-страница:

https://www.facebook.com/dimitrovmaks

max1

max

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБи сакале ли да пробате поинакво банкарство?
Следна објаваКонцепт на животот | Growing Books
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР