Албумот „Shaping The Static“ во потполност ќе биде презентиран  во склоп на репертоарот на овој концерт.

Project Orpheus, прототипското дело на Давид Димовски, е една интроспективна, еклектична колекција на музичарот, уметник, автор, активист и студент на англиската литература, што на еден деликатен начин емоционално и интелектуално ги поттикнува и разбранува слушателите преку невообичаените сценарија низ кои музиката и наративите на проектот всушност ги води.

За музичар како Димовски, предизвикот и авантуризмот на вечната потрага по креација секогаш ќе стојат испред материјалните, опипливи награди за неговиот труд. Додека неговиот приемлив, карактеристичен глас за многумина е препознатлив, Project Orpheusго потопува во многубројни контекстуални предизвици.

Албумот изобилува со раскошни илустрации на иновативен звучен декор, овозможувајќи низ него да се воспостави она што Давид го нарекува „еден разоткриен тек на нештата“, односно чувство на едно скоро нерафинирано отелотворение на инспирација кое цути низ целиот опус.

Методолошки и стилски селектираниот, деликатен пристап кон секоја музичка тема засебно, е токму она што фигурира како карактеристичното и препознатливото изразно средство без многу рестрикции, кое што и понатаму ќе продолжи да еволуира заедно со овој проект.

Снимен во живо, низ концептуална изведба со тематски континуитет, овој албум ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен помеѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.

„Да се створи малечко цвеќе можеби е труд за кој се потребни векови, но за да се измисли еден цел универзум не е потребно ништо повеќе од една обична, ладна ноќ и камин, за еден бард“, заклучува Давид.

Бесконечна креација се наоѓа во вечно – присутната разлика помеѓу познавањето, и чекорењето по патот. Сé што ни е потребно за да го пронајдеме она по кое трагаме, е едноставно да се запрашаме каде всушност се наоѓа и да посегнеме по него!

Целосната верзија од албумот „Shaping The Static“ се очекува набрзо и дополнителни информации ќе бидат објавени на Фејсбук фан – страната на Project Orpheus , како и на официјалната веб – страна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Бамбусови дрва
Следна објаваФордовиот мустанг – миленик на дамите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ