“ПЕЈЗАЖ ОМЕЃЕН СО СОНОТ Миливоје Новаковиќ – Кањош ПЕЈЗАЖ ОМЕЃЕН СО СОНОТ Миливоје Новаковиќ – Кањош Кога зборуваме за концептот на мојата изложба, таа е базирана врз основа на идејата за почитување на чист јазик на сликата и целосна конзистентност во неговата употреба. Ова во мојот случај посебно вклучува една автентична боја и турбуленции во форма на изградба на композиции. Иако мотивот претежно е пејзаж сликарските предмети се изградени со отстапување од целта за набљудување на сликата. Оттука ПЕЈЗАЖ ОМЕЃЕН СО СОНОТ – естетски е илузија на реалноста”

Миливоје Новаковић – Кањош

Кањош Миливоје Новаковиќ – Кањош е академски сликар, магистер по ликовни уметности (сликарство). Роден е 1938 година во Рогатица. Ликовна академија завршил во Белград 1964 во класата на проф. Зоран Петровиќ. Професори му биле и истакнатите сликари: Мило Милуновиќ, Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун. Последипломски студии завршил во класата на Цуца Сокиќ и Недељко Гвозденовиќ 1967 во Белград.. Пред уписот на ликовна академија приватно учел сликање кај сликарот Јован Бјелиќ. Живее и активно создава во Белград. Член е на УЛУС од 1964 година. Редовно излага на самостојни и групни изложби во земјата и странство. Досега имал преку 40 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе од 300 групни изложби. Кога се зборува за изложбите на УЛУС, од 1965 до 2014 излага на сите значајни изложби, како што се Октомвриски салон, Пролетни и Есенски изложби, изложби на мала пластика и цртеж, аукцијски изложби, изложби на Клубот ветерани на УЛУС, итн. Учествува во основањето и работата на меѓународни ликовни колонии: Боите на Вуковар (Вуковар), ДеНиро Битола (Битола), Велика Ремета (Фрушка Гора), и многу други домашни и меѓународни ликовни колонии. Сликите на Миливој Новаковиќ – Кањош се наоѓаат во државните институции и приватни колекции во Србија и други земји, како во Германија, Холандија, Франција, Австрија, Шпанија, Шведска, Англија, Унгарија, Канада, Македонија, Хрватска итн.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ: 1966. Уметничка галерија Штип 1968. Галерија на Графичкиот колектив Белград 1972,1973,1974,1975,1976,1977,1978, Галерија Фото сојуз на Југославија Белград 1975. Галерија Јосип Бепо Бенковић Херцег Нови 1976,1977 Галерија инжињера и техничара Белград 1983. Галерија Културен центар Белград 1986. Галерија Веселин Маслеша Белград 1986. Галерија Плажа Херцег Нови 1988. Галерија Народен музеј Соко Бања 1989. Студио Салло Беч Австрија 1990. Галерија Анима Скопје Македонија 1991. Галерија Библиотека на градот Белграда 1993. Галерија Културен центар Белград 1993. Уметничка галерија Битола Македонија 1995. Галерија МГ Бајина Башта 1995. Галерија Институт на меѓународната политика Белград 1996. Галерија Културен центар Вуковар (Награда за самостојна изложба) 1996. Галерија Милс – Скопје, Македонија 1996. Уметничка галерија Струмица, Македонија 1998. Галерија Плажа Херцег Нови 2002. Уметничка галерија Ј. Поповић Опово 2002. Галерија Лаза Костић Сомбор 2002. Савремена галерија Зрењанин 2002. Народен музеј Бела Црква 2002. Големата галерија на Централниот дом на војската на Југославија Белград 2002. ИНТЕРФЕСТ Битола, Галерија музеј, Битола Макединија 2007. Галерија АТРИЈУМ Библиотека на градот Белград 2008. Рашки духовни свечености Галерија Центар за култура Градац – Рашка 2010. Медицински факултет на Универзитетот во Белград, Галерија клуб Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и странство, а меѓу последното негово учество е на Пролетната изложба на УЛУС, Уметнички павиљон „Цвијета Зузорић“, во Белград, во 2014 год

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAвтомобилот на иднината | Mercedes-Benz F015
Следна објаваБел и стилски стан
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ