
Federico Babina низ својата најнова серија илустрации ,,Archidirector“ ја провлекува споредбата помеѓу архитектите и светски познатите творци на филмови. ,,Режисерите се како архитекти на кинематорафијата.’’ вели Babina. ,,Тие се оние кои ги градат приказните и кои сакаат да ја вклучат архитектурата како нешто свое во ремек делата. Така го внесуваат гледачот во некој потполно друг свет.’’ Секоја куќа е замислена со свој сопствен стил, јазик и естетика, како и план на дизајнот и место на изградба, усогласени со режисерското гледиште на светот и досега прикажаните филмски класици. Babina прикажува 27 имагинарни куќи кои може да се поврзат со опусот на познатите филмски режисери, од Вес Андерсон до Стенли Кјубрик, а меѓу најдобрите се најде и Емир Кустурица. Различните стилови и естетиката која потекнува од филмот се толкуваат како структурни елементи, боја и материјал, каде заедничкиот именител е силна и дефинирана индививидуалност. Специфичните елементи на филмскиот јазик се пренесени и претворени во архитектонска геометрија. Во кинематографијата, секој детаљ на филмот е во насока на изградба на единствената, уметничка индивидуалност на режисерот. Babina објаснува дека сличен пристап наоѓаме и во изградбата на дизајнот. Истото се случува и во архитектурата, каде дури и најмалиот детаљ помага да се обликува личниот печат на архитектот. Во галеријата во продолжение, погледнете како би изгледале имагинарните куќи на најпознатите светски режисери.









































