1

Ви претставуваме совршено уреден мини стан, за чиј внатрешен дизајн  и визуелизација е  заслужна Inna Usubyan од студиото Decolabs. Домот е лоциран во Москва, Русија, а располага со вкупна површина од само 32 метри квадратни. За овој мал животен простор архитектката мошне храбро одбрала потемни бои и материјали, со доминација на сивите тонови и дрвото, создавајќи сосема удобен и атрактивен, но неутрален амбиент за престој на млада двојка без деца. Ваквиот потег при изборот на бои и материјали нималку визуелно не го смалува станот, најмногу поради минимализмот и прозорците од кои продира избилство на сончева светлина во текот на денот, како и отворениот распоред на планот. Со затскривање на спалната соба од дневниот престој со драперија, зоната за одмор и релаксација во овој мал ентериер ја добила неопходната интимна димензија. Кујната и трпезаријата се исто така издвоени со полупреграден ѕид, а станот има и засебна бања. Во продолжение погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја во дизајнот на оваа прекрасна мини оаза на стилот и комфорот.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТочка на измама – Ден Браун
Следна објаваКапри-вистинската дестинација за оваа лето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ