На претстојниот Саем на книга 2015, Матица Македонска организира разновидни дружења со македонски автори, кои јавноста ги знае преку убавиот пишан збор. Читателите ќе може да се дружат, како и да добијат потпишана книга од нивните омилени македонски автори. Дружењето започнува од утре, 5-ти мај, па се до 11-мај. Во текот на целата саемска недела, проследена со богата програма на штандот на Матица Македонска, сите посетители ќе уживаат, дружат и купат книгите преполни со страници кои оставаат без здив.

Распоредот на потпишување и дружење со македоснките автори започнува утре, 5-ти мај, вторник, од 17 часот со Милош Димковски за неговата книга ,,Парада на Марионетките”. Истиот ден дружењето продолжува со Илина Ведран од 18 часот промовирајќи ја нејзината книга ,, Јас сум љубов”.

Во среда, на 6-ти мај, во 17 часот читателите ќе можат да се дружат со Зорица Петковска и нејзината нова книга ,,Зборигами”. Во 18 часот пак, потпишување на својата нова книга има и Верче Карафилоска за  ,,Бездомникот со златен часовник.”

Маја Пехчевска ќе се дружи со читателите во четврток, во 17 часот, промовирајќи ја својата книга, ,,Семејни бизниси”. Јован Илиески ќе ја потпишува новата книга ,,Кругот на животот” во четврток во 18 часот.

Според распоредот, во петок, на 8-ми мај, од 12 до 13 часот и од 17 до 19 часот, Благоја Јанаков ќе ја потпишува својата книга ,,Среќа”.

Во сабота, на 9-ти мај, од 12 часот на штандот на Матица Македонска, дружење со читателите и потпишување на книги ќе имаат Милош Димковски, Јован Илиески, Верче Карафилоска, Зорица Петкоска и Маја Пехчева. Илина Ведран пак, е рзервирана за своите читатели истиот ден, од 18 часот.

Богатата понуда на Матица Македонска за претстојниот Саем на книга и ова дружење со читателите и посетителите, се доказ дека македонските автори и нивните книги се повеќе од посакувани и читани.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (04.05 – 10.05)
Следна објаваМост по идеја на кралското семејство од Дубаи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ