На сцената на Драмскиот театар Скопје од 04.05 до 10.05.2015 ќе имате можност да погледнете една премиера и две претстави кои се на тековниот репертоар.

11

На 06.мај (среда), со почеток од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата ,,Безљубни’’ во режија на Златко Славенски.

Претставата е работена според современиот македонски драмски текст од Благица Секулоска, а актерската екипа ја сочинуваат Сања Арсовска, Димитрија Доксевски, Наташа Петровиќ, Златко Митрески, Александар Степанулески. Претпремиерата е закажана ден порано, на 05.мај (вторник) со почеток од 20 часот, а веќе следната изведба е на 09.мај (сабота) во истиот термин.

На репертоарот на Драмскиот театар Скопје оваа недела се и следните две претстави:

10417803_10152677855675933_6935983153295693917_n

ден и час:       07.05.2015 (четврток) | 20.00
претстава:      ЧОЛАК
играат: Сашо Тасевски, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Игор Стојчевски.
автор: според Мартин Мекдонах
режија: Синиша Евтимов

00014

ден и час:       08.05.2015 (петок) | 20.00
претстава:      СЕКС ДРОГА И РОКЕНРОЛ
играат: Сашо Тасевски
автор: Ерик Богосјан
режија: Ристе Алексовски

Divianarts.com е медиумски покровител на Драмскиот театар Скопје.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПремиера на филмот „Три во Едно“ од Коле Ангеловски
Следна објаваМатица Македонска со македонски автори на Саемот на книга
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ