1

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе…

Прашинка љубов, прашинка ништотна,
прашинка невидна,
но сепак љубов, сепак љубов!
Дај да те имам во дланкиве,
Нетежина, Несетило!
Дај да поверувам дека си во мене,
стуткана некаде во мене!

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе…

Како што на пролет цветниците зачнуваат,
дај да те заплодам,
за да се родиш во мене
љубов богатница, љубов имовита,
љубов плод љубов надрочен.

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе…

Но, јас те имам, немаштино,
најтрајна недостиг,
најголем недорек,
најблиска недофат,
па место грижата за тебе
поначесто сум доволен од себеси.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава‪#‎This_Generation‬ постери | Ajit Johnson
Следна објаваЧитачот – Бернхард Шлинк
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ