Поинакво доживување на приказната за посвоената ќерка која работи како куќна помошничка и го освојува срцето на принцот.

3

Дизни и Кенет Бранах инспирирани од приказната за Пепелашка, го оживеаа анимираното ремек дело од педесетите години. Студиото на Волт Дизни ни го открива вистинскиот визуален спектакл, а истовремено добро познатата безвременска љубовна приказна на Пепелашка и нејзиниот принц. Главната улога во филмот и припадна на прекрасната Лили Џејмс; во улога на шармантниот принц се најде Ричард Мејден. Сјајната актерска постава ги вклучува и Кејт Бланшет во улога на злобната маќеа и Хелена Бонам Картер како добрата вила.

2

Приказната на “Пепелашка” ја следи судбината на младaтa Ела чиј татко-трговец се преженува по трагичната смрт на нејзината мајка. Со желба да го поддржи нејзиниот грижлив татко, Ела ја прифаќа својата нова маќеа, г-ѓа Тремејн, и нејзините ќерки Анастасија и Дризела во семејниот дом. Но, кога таткото на Ела одеднаш и неочекувано починува, таа се наоѓа на милост и немилост на љубоморното и сурово ново семејство.

5

Осудена да биде слугинка, покриена во пепел и преименувана во Пепелашка, Ела лесно почнува да губи надеж. Сепак, и покрај суровоста нанесена врз неа, Ела е решена да оддаде почит на последните зборови на мајка си “да биде храбра и да биде љубезна”. Таа нема да очајува ниту пак ќе ги презира оние кои ја злоупотребуваат. Потоа, во шумата таа ќе се запознае со еден странец. Незнаејќи дека тој е принц, таа чувствува дека ја запознала својата сродна душа.

1

По се изгледа, среќата како да и се промени кога кралскиот дворец испраќа отворена покана за сите девојки да присуствуваат на кралскиот бал, со што се зголемувааат надежите дека Ела повторно ќе наиде на шармантниот принц. За жал, нејзината маќеа и забранува да присуствува распарувајќи го нејзиниот фустан. Но, како и во сите добри приказни, на помош се појавува една љубезна питачка, носејќи со себе тиква и неколку глувци, која ќе го промени животот на Пепелашка засекогаш.

4

Премиерното прикажување на „Пепелашка“ пред македонската публика бешe на 12.03.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКултурни настани во ,,Дом на млади Штип”
Следна објаваФото на денот | Огледало на природата
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ