По повод Светскиот ден на театарот, на 27. март (петок) во Драмски театар Скопје бесплатно ќе бидат одиграни три претстави.

Целодневната театарска програма ќе започне со изведбата на ,,Капетанот Џон Пиплфокс – Гусарска бајка со пеење и мечување’’ во 12 часот. Љубителите на театарската уметност ќе можат бесплатно да ја погледнат и претставата ,,Човекот кој го изеде светот‘’, чиј почеток е закажан во 19 часот.

dramski

Одбележувањето на светскиот ден на театарот ќе заврши со одигрувањето на ,,Секс, дрога и рокенрол’’ во 22 часот. На репертоарот на Драмскиот театар Скопје од 23.03 до 27.03.2015 ќе имате можност да ги проследите и следните претстави:

1

ден и час:       23.03.2015 (понеделник) | 20.00
претстава:      ЉУБОВНИЦИ
играат: Билјана Беличанец Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ Пановска
автор: Катерина Коцевска
режија: Катерина Коцевска

0001

ден и час:       24.03.2015 (вторник) | 20.00
претстава:      СЕКС, ДРОГА И РОКЕНРОЛ
играат: Сашо Тасевски
автор: Ерик Богосјан
режија: Ристо Алексовски

1

ден и час:       25.03.2015 (среда) | 20.00
претстава:      ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ИЗЕДЕ СВЕТОТ
играат: Игор Стојчевски, Диме Илиев, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ
автор: Нис – Моме Штокман
режија: Билјана Радиноска

2

ден и час:       26.03.2015 (четврток) | 20.00
претстава:      ЖДРЕЛО
играат: Рубенс Муратовски, Лилјана Велјанова, Диме Илиев, Таци Илиева Вељиќ, Филип Трајковиќ, Димитрија Доксевски, Соња Стамболџиоска, Александар Степанулески, Ивана Павлаковиќ.
автор: Жанина Мирчевска
режија: Зоја Бузалковска

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на Драмскиот театар.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Задоцнето изгрејсонце
Следна објаваЕдна соба, три пејзажи
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ