Драмски театар-Скопје в петок (05.12) премиерно ќе ја изведе претставата „Човекот кој го изеде светот“ по текст на германскиот автор Нис-Моме Штокман во режија на Билјана Радиноска, на која ова и е прва претстава во професионален театар по неколку постановки во независни театари.

Главната улога, безимениот лик ХХХХ, го игра Игор Стојчевски, а во актерската екипа се и Диме Илиев, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Димитрија Доксевски и студентот на ФДУ Стефан Вујисиќ. Сценограф на претставата е Мика Черепналковска, костимографијата е на Ивана Кнез.

Драмскиот текст на германскиот автор Nis-Momme Stockman е еден од најпоставуваните текстови на европската сцена. Во неговото творештво, овој драмски писател, раскажува човечки приказни, општествени влијанија на индвидуалните приказни, приказни за идентитет, за семејствo  и љубовни приказни.  „Човекот кој го изеде светот“ ни дава да ѕирнеме во едно семејно секојдневие, или пак во сите животи одделно. Ја раскажува приказната за нездравиот однос меѓу родител и дете, еден пропаднат брак, едно изневерено пријателство, едно споро и болно во својата спорост индивидуално пропаѓање.

Драмското дејствие го носат ликовите. Ликовите ја носат и приказната, и воедно таа ги носи  нив. Потребата да се проговори за човекот денес, за неговото согледување на себе самиот, и на се околу него е темелот на овој драмски текст. Не постоењето во сопствените рамки како форма на современо постоење. Леснотијата на говорот низ која е раскажана приказната само ја остава тежината на истата да лебди меѓу репликите. Авторот не го бара виновниот за текот на приказната, туку само темелно ги анализира структурите кои водат до пропаст на еден свет.

Претствата ќе раскаже приказна за очајната потреба за промена на состојбите кои во збор не се опишуваат, приказна за втречено гребење по изградените односи, за сите идеји за себе кои треба да се случат а не се случуваат. За потребата да се посочи виновникот за несреќните околности и немоќта што ја носи фактот дека вината за себе во себе се наоѓа. Приказна за изневерни очеувања, за неносење со одговорности, за стравот од соочување со себе и стореното. Во тој свет еден човек проголтува туѓи сништа, проголтува иднина, јаде ветувања.

„Човекот кој го изеде светот“ е безмислосно брутална и јака приказна со нежни, секојдневни зборови. Приказна која не се носи со сопствената драма, туку ја инсинуира асоцијативно во оние кои ја гледаат односно живеат.” – Билјана Радиноска

СПОДЕЛИ
Претходна објава3 направи кои ве известуваат за временските услови
Следна објаваБожиќно одело
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ