Како што се менуваат генерациите, се создаваат нови идеи и станува сè полесно тие идеи да се применат во пракса. Скоро и да не постои човек на кој не му влијае времето надвор. Сите сакаме да постои некој или нешто што ќе ни кажува дали ќе биде сончево, облачно, ќе дува ветер и сл. Ваква идеја добиле Martin Skelly заедно со уште тројца колеги од креативната компанија Uniform од Лондон и пронашле  интересен начин за секогаш да сме во тек со временските услови. Weather Systems се состои од три иновативни направи кои не ја покажуваат точната температура, туку ви даваат до знаење дали ви треба чадор, јакна, или некоја друга облека.

1

Станува збор за неколку поврзани апарати кои даваат известувања за дожд, ветер и температура со помош на звук и визуелен приказ. На пример, информациите за дожд се пренесуваат преку мали игли кои удираат во метална површина и го имитираат звукот на дождот. Брзината на ветерот е прикажана преку крило што се врти со ист интензитет како ветерот во тој момент, додека температурата сепокажуваа со 4 бои кои се менуваат  така како што забрзува или успорува воздухот. На пример, сина е за температура под 5 степени, а црвена за над 20 степени.

2

Дизајнерите на овие изуми велат: „Сакавме оваа направа да биде како некој да ни кажува какво е времето надвор, а не само да погледнеме во екран и да ја прочитаме точната температура.”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Топлинки од стар џемпер
Следна објава,,Човекот кој го изеде светот” – премиера во Драмски театар
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР