Класиката во американската литература бездруго е светски долг кон овој книжевен великан, мајстор на хартија кој секогаш стоел на ставот дека „еден автор не пишува, туку само стои пред машината за пишување и крвари“, односно господинот Ернест Милер Хемингвеј е авторот на седум романи, шест раскази и две биографски приказни. Како добитник на Нобеловата награда за литература во 1954 година, Хемингвеј всушност ужива во своите 5 минути инспирација и слава во периодот измеѓу 20тите и 50тите години на минатиот век. Тој период е практично, рамката која што остава вонвременски белег во светската литература воопшто.

Во прилог, следуваат 7 мудрости од овој голем книжевник.

1.1

Среќата кај интелигентните луѓе е најретко нешто што знам.

~

Најдобриот начин да откриеме дали може да веруваме на некој е да му веруваме.

~

Секој човеков живот завршува исто. Единствено деталите како живеел и како умрел некој не’ прават различни едни од други.

~

Сeто зло потекнува од невиност.

~

Светот умее да го скрши секого, а потоа, некои се силни на местата каде што се скршиле.

~

За моралот, единствено што знам е дека она што е морално е истото она што прави да се чувствуваме добро; додека се’ што е неморално прави да се чувствуваме лошо.

~

Храброста е грациозност под притисок.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Љубов на зајдисонце
Следна објаваСтан од 58 метри квадратни
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ